Почетна / Филм / Најголемиот филмски град во светот „Кинески Холивуд“

Најголемиот филмски град во светот „Кинески Холивуд“

 

Кинескиот милијардер Ванг Џианлин и конгломератот „Ванда груп“ започнаа денеска во градот Чингдао, во присуство на голем број светски филмски ѕвезди, нов амбициозен проект на филмски град, кој некои веќе го нарекуваат „Кинески Холивуд“.

 

 

Модерниот комплекс, на површина од 376 хектари и во кој ќе бидат вложени 8,3 милијарди долари, ќе започне со работа во 2016 година.

– Проектот е дел од националната политика, која од Кина сака да направи културна сила, изјави Ванг.

Наречен „Ориентална метропола на филмот“, филмскиот комплекс се наоѓа во преградието на пристанишниот град Чингдао, кој инаку е познат по пивото. Во него ќе има 20 студија, меѓу кои и „најголемото студио на светот“ со површина од 10.000 метри квадратни.

Филмската метропола ќе произведува „најмалку стотина филмови годишно, како и 30-тина странски филмови, тврдат инвеститорите.

На денешната гала свеченост освен многу кинески филмски ѕвезди, присуствувале и странските актери Никол Кидман, Леонардо Дикаприо, Џон Траволта и Кетрин Зита-Џонс.

 

 

 

Телеграф.мк

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Погледнете го документарецот „Медена земја“ во кино салите

Погледнете го најнаградуваниот македонски документарец „Медена земја“ (Honeyland) во 20 часот во кино Милениум. Последната …