Почетна / Забава / Евровизија / На Македонија ѝ треба евровизиска челична лејди како Оливера

На Македонија ѝ треба евровизиска челична лејди како Оливера

Оливера Ковачевиќ, супервизор на Евровизија за Србија во интервју за Нова С, искрено и брутално зборува за Евровизија.
Според неа – РТС Србија нема намера да се откаже од учество бидејќи долги години поради санкциите, во минатото не можеле да учествуваат. Истакнува дека ќе направи сѐ за подобри пласмани на Србија и дека националниот избор секоја година е погледан, а дека главната Евровизија има константен број на гледачи секоја година.

На забелешките од водителката дека некој изјавил дека не треба да се учествува, таа иронично одговара да, да се откажеме и од спортски натпревари, ајде никаде да не учествуваме.
Во однос на тоа дека имало сатанистички настапи и голотија на Евровизија, таа истакнува дека настапот на Ирска за целата српска делегација бил изненадување во позитивна смисла и дека биле фасцинирани. И дека сето тоа е дел од шоу бизнисот и дека од тоа нема бегање, во шоу бизнисот е сѐ дозволено.

За голотијата, истакнува дека децата денес преку интернетот многу побрзо доаѓаат до поневкусна голотија на социјалните мрежи и дека бабите и дедовците се тие на кои им пречи голотијата најверојатно.
По ова интервју секако ќе се запрашате зошто Македонија како помала земја не би учествувала на овој фестивал, тоа е едноставно претставување на сопствената земја. Дури и да нема заинтересирани овде, некои земји со години испраќаат и песни и изведувачи од други земји, но сепак учествуваат. Македонија и МРТ не треба да се водат од хејтерите кои секако ќе хејтаат што тие и да направат, исто како и што ги имаше во Србија кога не победи Бресквица, туку Теја Дора.

Истата Оливера Ковачевиќ, и тогаш храбро и брутално истакна дека победникот е избран и дека колку и да протестираат пред РТС, нема да се смени одлуката.
Се прашуваме дали и на нас ни е потребен супервизор токму како госпоѓата Ковачевиќ која одлично ги познава работите и е цврста и одлучна да ја однесе Србија во поголеми успеси освен само влегување во финале.

Секако дека Македонија има луѓе како неа, но тие треба да се побараат и да им се даде шанса да ја вратат прво Македонија повторно на Евровизија, а потоа да следи целосна посветеност за голем успех. Интересен факт е што годинава и покрај негативните коментари на хејтерите, тие самите докажаа дека го следат фестивалот иако плукаат по него бидејќи од толку многу канали. токму таа вечер ја гледаа Евровизија и коментираа на социјалните медиуми.

Интересот кај нас не е намален, напротив со голем жар се следи Евровизија и секоја година се навива за други земји бидејќи две години по ред Македонија не учествува. Како што истакнува и српската челична лејди, ова е светско тв шоу како ниедно друго во светот, кад продукцијата на фестивалот и настапите биле на највисоко можно ниво.

Целото интервју погледнете го на линкот подолу.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија надвор од Европа – нема да учествува на Евровизија 2025

Според објавената Предлог програма на МРТ за 2025, на Првиот програмски сервис, можеме да заклучиме …

error: Содржината е заштитена!