Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / „Македонска љубовна лирика“ – најубавите љубовни стихови на едно место

„Македонска љубовна лирика“ – најубавите љубовни стихови на едно место

„Матица македонска“ ја објави збирката „Македонска љубовна лирика“ приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски. Најубавите македонски љубовни стихови, сега се на едно место. На близу 500 страници, со 342 песни од македонски поети од сите генерации, во петте циклуси на книгата, од копнеж до ерос е и можниот одговор на прашањето како се љуби на/со македонски јазик и на македонски начин.

Оваа книга нуди досега единствен ваков приказ и на самата македонска современа поезија, создадена, односно објавена во периодот од завршувањето на Втората светска војна до денес – поразличен од оние што беа понудени досега.

Со читањето на стиховите од „Македонска љубовна лирика“ ќе ни се врати вербата дека и во ова наше време, може вистински да се љуби и македонската поезија да се чита со страст. Нема поголема движечка сила од љубовта којашто може да ги обедини различните генерации, поетики и писма, поетеси и поети… А тоа се потврдува преку книгата, објавена и во чест на великиот Петре М. Андреевски.

И токму оваа магија на љубовта, на пишаниот збор и на богатството на македонската поезија на уште помагичен начин е претставена преку прилогот на ТВ Сител со коj се докажува дека македонските млади новинарски имиња очигледно и те како умеат и знаат како да ни предочат нешто сосема поинакво од гола политика и ископирани информации. Како е да се љуби на македонски и да се слуша љубов на македонски, погледнете од прилогот  :

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечерва гласаме за бројот 1 на 145 333 за победа на Мики во „Гранд“

Македонскиот идол Мики Секуловски е еден од најсериозните кандидати за победа во големото музичко талент …

error: Содржината е заштитена!