Почетна / Сапуници / Oд понеделник на Сител се враќа вашата омилена – „Вљубениот ерген“

Oд понеделник на Сител се враќа вашата омилена – „Вљубениот ерген“

 

Од понеделник… нови епизоди со вашите омилени Дефне и Омер

 

 

Од понеделник ексклузивно на Сител продолжува турската романтична комедија “Вљубениот ерген” која ги освои симпатиите на македонската публика минатата сезона. “Вљубениот ерген” е избрана за најдобра комедија за 2016 година, а покрај таа награда ги има освоено и признанијата за најдобар телевизиски пар и најдобар актер.

 

 

Вашите омилени ликови Омер, Дефне, Нериман, Јасмин, Синан и Кореј се враќаат на малите екрани, секоја вечер само на Сител. Во продолжение потсетете се на главната приказна за Ергенот :

 

 

По смртта на родителите, сиромашната и весела Дефне не се предала и продолжила силно да се бори со сите предизвици на животот. Таа работи како келнерка и заработува за да се грижи за својата баба, својата помала сестра, па дури и за својот постар брат. Никогаш не се жали за пари, и сепак живее среќно, онака како што налагаат условите. Нејзиниот едноставен живот почнува да се комплицира кога дознава дека нејзиниот брат прокоцкал 200 илјади лири кои им се потребни за да се плати киријата.

 

Од друга страна го запознаваме Омер, млад, згоден и богат сопственик на агенција за чевли. И неговите родители починале рано, па мирот го нашол во една мала продавничка каде и самиот почнал да изработува чевли. Од мала продавничка успеал да направи препознатлив бренд на обувки и да создаде империја на богатство и пари. И покрај богатството на неговиот дедо, тој не ги сакал неговите пари, туку сѐ во животот постигнал сам, благодарение на волјата, трудот и истрајноста.

 

Овие два сосема спротиставени светови, светот на сиромашната и бунтовна Дефне и светот на богатиот и сериозен Омер, еден ден, сосема случајно ќе се спојат на неочекуван начин. Нериман, смешната тетка на Омер, ја запознава Дефне и ѝ предлага на Дефне еден чуден план – да стане личен асистент на Омер и во рок од шест месеци да го натера да се вљуби и ожени со неа. А за возврат, ќе ѝ даде пари, кои на Дефне ѝ се потребни за да го исплати долгот на братот.  Нериман тоа го прави за да не го изгуби богатството кое дедото на Омер го планира за внукот доколку тој се ожени.

 

 

Дефне не сакаше да влезе во таа игра, но мора за да го спаси братот и да започне нов живот.
Омер и Дефне се вљубуваат еден во друг и таа романса ни донесе низа смешни ситуации, многу љубов и сплетки, а и многу страст е на повидок веќе во новите епизоди на Сител. Од понеделник на Сител – “Вљубениот ерген”.

 

  Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мојот живот” на Сител, пролетна драма за една пожртвувана мајка

Има ли поголемо богатство за една мајка од среќата и здравјето на нејзиното дете? Постои …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!