Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Музика од едно друго време во шоуто „Showroom“на BalkanMusic

Музика од едно друго време во шоуто „Showroom“на BalkanMusic

Кога ќе се соберат музичари и изведувачи кои се на иста “фреквенција”, тогаш тргнува музиката за своја душа…онаа која се слушала и пеела во едно друго време, на едно друго место.

Време во кое луѓето биле меланхолични, полни со љубов и музиката просто извирала “самата од себе”.

Новиот музички проект на BalkanMusicTv, насловен како “ShowROOM”, за момент ќе ве врати во минатото преку песните кои ги одбраа гостите.

Секоја сабота навечер гледаме изведувачи од секаков “калибар” – Анета Мицевска, Мими Јовановска, Сандра Милковска, Горан и Мите Стоилкови, Христијан Кико Божинов, Цаки Кисми, Јовица Наумчевски, Ален Хасановиќ и Драгана Јорданова (пратечки вокал).

Но, ќе слушаме и музичари од секаков стил – Роберт Спасенцовски, Ферчо Мустафов, Ален Рамчевски, Далибор Ефтимовски, Роберт Јосимовски, Ивица Лазаров, Дарко Аврамоски и Дарјан Дунчевиќ, како и такви кои се вистинско музичко засилување и освежување – Филип Нуне, Зисо Пуровски, Џељо Дестановски и најмалиот, најслаткиот на тарабука Никола Ефтимовски…

Продукцијата на Арт Студио и продуцентот Горан Мирковски ќе бидат задолжени за ова телевизиско музичко шоу со весела и сентиментална музичка атмосфера.

Sabota, 22:15 ShowROOM

20:00 Live Koncert so Aneta & Grupa Molika, gostin Oliver Aleksovski22:15 PREMIERA – ShowROOM

Gepostet von BalkanMusic TV am Mittwoch, 24. Juni 2020

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова ТВ емисија на МРТ 1 за семејната кујна на Кетрин Фулвио

По патувањата во Италија, Кетрин Фулвио се враќа во родната Ирска каде успева да ги …

error: Содржината е заштитена!