Почетна / МК Сцена / Бум во 2018-та | Кого носи Авалон на Skopje Calling и Ohrid Calling

Бум во 2018-та | Кого носи Авалон на Skopje Calling и Ohrid Calling

 

Авалон не запира – вистински бум настани во 2018-та

 

Најголемите Авалон Продукција живее и дише само од овие две причини: првата е да Ве направи среќни и втората – за Вас да го направи невозможното возможно. Токму тоа е и причината поради која ТВ Пакет секогаш одвојувал и ќе одвојува простор за најдобрите.
Како што насловот зборува сѐ, водечките тандеми на електронската музичка сцена – Axwell & Ingrosso и Dimitri Vegas & Like Mike, доаѓаат за прв пат не само во Македонија, туку и во регионот, идното лето во 2018-та година, и тоа:
– Axwell & Ingorsso како хедлајнери на Skopje Calling 2018, на 24-ти јуни 2018 година.
– Dimitri Vegas & Like Mike како хедлајнери на Ohrid Calling 2018, на 01-ви август 2018 година.

 

Со вакви супер атрактивни имиња, апсолутно најголеми хитмејкери (A&I: More Than You Know, Don`t you worry child, DVLM: Tremor, Arcade…) и хедлајнери на најголемите светски фестивали Tomorrowland и Ultra, Македонија прераснува во водечка регионална дестинација на eвропските љубители на електронската музичка сцена и сигурни сме дека на двата фестивала ќе присуствуваат барем 5.000 посетители од цела Европа.
Двата настана ќе бидат проследени со неверојатни звучни и визуелни ефекти, на ниво на најголемите светски фестивали на електронска музика.

 

 

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од вторник (26.12) од 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн на веб страницата на ККЗС, по цени од:

Аxwell & Ingrosso
1000 денари ПАРТЕР 2
1.500 денари ПАРТЕР 1
2.000 денари ФАН ПИТ (само 1000 влезници)

Dimitri Vegas & Like Mike
1000 денари ПАРТЕР 2
1.500 денари ПАРТЕР 1
2.000 денари ФАН ПИТ (само 1000 влезници)

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Песни, плач и емоции на големиот концерт во чест на Тоше

Имаше нешто во луѓето тажно … спомени за Тоше Проески Вчеравечер во Вип Арената “Борис …

Leave a Reply