Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Секоја недела, МТВ ќе емитува детски театарски претстави

Секоја недела, МТВ ќе емитува детски театарски претстави

Театарот за деца и младинци во соработка со МРТВ, секоја недела од 12 часот ќе прикажува дел од претставите кои се на нивниот репертоар.

– На овој начин сакаме да придонесеме во дружeњето со нашата верна публика, додека седиме дома, а воедно да го означиме нашиот јубилеј, 30 години од формирањето на ТДМ. Јубилејот се одбележува под мотото „30 години ТДМ – Сон што трае“, велат од Театарот.

Вo недела, на 22 март, во 12 часот на МТВ 1 ќе биде емитувана претставата „Убавицата и ѕверот” на режисерот Димитар Христов, и со музика на Славе Димитров. Затоа, седи дома и гледај театар.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо премиерна серија, Алфа ја репризира „ДНК“ во недела

Минатата недела заврши со емитување босанската крими серија “Котлина” на Алфа телевизија која се емитуваше …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!