Прва скопска МТМ телевизија и локалните телевизии ширум земјава со богата понуда на документарни емисии од Дојче Веле. Погледнете во внатрешноста на насловите на DW преку документарците од повеќе германски радиодифузери и меѓународни продукции.
Запознајте ги интригантните личности кои ги променија историјата и политиката, ѕирнете позади комплексноста на секојдневниот живот и задлабочете се во структурата на тековните настани и глобални проблеми.
Секој понеделник навечер на Прва скопска, ќе следите интересни документарни емисии со неколку репризни изданија во текот на неделата. Нови откритија за создавањето на мажот и улогата на хормонот – тестостерон, развојот на цело досие импланти, историјата на цивилизациите, нациите, подемот и падот на политичките лидери се само дел од темите на овие емисии снимени минатата година.
Во овие емисии ќе го почувствувате и мирисот на единствените традиционални јадења на земјите, естетиката на високата мода, но и неверојатни научни откритија и хемиски процеси. Уметност, историја, наука, живот се само дел од темите преку кои ќе се информирате на локалните телевизии.
Дани | ТВ Пакет