Почетна / Сапуници / Многумина ја споредија со „Имотот на дамата“ – „Горка земја“ на Сител
Турската успешница за една далечна и "Горка земја" доаѓа во Македонија. Серија која соборува рекорди на гледаност во Турција, серија која многумина ја споредија со омилената "Имотот на дамата" и со драмата што ја носат само едни бурни времиња ...

Многумина ја споредија со „Имотот на дамата“ – „Горка земја“ на Сител

Тој нарача пред година цела нежен прстен филигран
Таа накити од коприна бела фустан навезан

Сон … сонувашe на пајтон ja вози, зад нив ѕвонат камбани
До преку прагот в раце ја носи … Но се раздени.

Пуста остана желба невина
Сон си мина и тој си замина
Пепел направи, солза гори во тие лаги огнови …

Не знаеше кој е крив
Боже дај ѝ здив
Сила немаше да се исправи
И да продолжи …  за да можe
на денот да се радува…

Приказна за една легендарна љубов, родена во 70-тите години на минатиот век и обвиена од зло, амбиција и неочекувани препреки на судбината.

Во бегство од гревовите, љубовта ќе ги доведе во една горка земја. А таа горка земја ќе навести крај на големата страст и почеток на нешто сосема ново во нејзиниот живот.

Во следните денови, очекувајте го стартот на “Горка земја” и бидете со нас за навремено да ве информираме за содржината и термините на новата маратонска историска драма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова е приказната за „Трите деца“, нова семејна викенд драма на Сител

Нова семејна сага на Сител телевизија. Викенд приказна за трите деца, родени во ист ден. …

error: Содржината е заштитена!