Почетна / Сапуници / „Повторно родени“, акциона турска драма секој викенд на Сител
Актерот од "Браќата" и Дефне од "Вљубениот ерген" во нова крими серија

„Повторно родени“, акциона турска драма секој викенд на Сител

Кога ќе се преполни чашата на судбината и кога патот по кој тие тргнале, ќе ги натера да се вратат назад, да погледнат во себе, да се погледнат меѓу себе како маченици со стотици лузни, длабоки и видливи само за нив… тогаш започнува соочувањето со сè и со сите оние кои ја предизвикале нивната судбина. Тогаш завршува безизлезот и тогаш се раѓа пркосот.

Секоја сабота и недела во блокот на турски серии на Сител ќе се емитува новата акциона драма “Повторно родени”, добитничка на награда за најдобра драма на јужнокорејските Seoul награди.

Кадир Адали ги загубил своите жена и ќерка во еден терористички напад. Се чувствува виновен за тоа и страда, па затоа решава да изврши самоубиство. Додека се обидува да му стави крај на сопствениот живот во сообраќајка, Кадир несакајќи го менува својот, но и животот на други луѓе. 4 автомобили, 4 луѓе вклучени во една сообраќајка, една темна ноќ.

Кадир, Зејнеп, Керем и Џемре. По несреќата, судбината никогаш нема да ги скрши овие луѓе, затоа што тогаш не се судрија само колите, туку се споија нивните животи.

Зејнеп е пријателка на Кадир од детските денови минати во сиропиталиштето, а сега двајцата се вљубуваат еден во друг. Кадир е оној кој ќе помогне на Зејнеп да си ја врати ќеркичката Авлин и со тоа уште повеќе да ја зближи кон себе.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Слатката комедија за „Малата Каја“ – попладне во 16.20 часот на Канал 5

Нова попладневна серија за релаксација по работните обврски. Романтична комедија за двајца млади кои ќе …

error: Содржината е заштитена!