Почетна / Сапуници / Младиот турски актер вака се грижи за својот физички изглед

Младиот турски актер вака се грижи за својот физички изглед

Харизматичниот турски актер, Екин Мерт Дајмаз, на македонската јавност и е познат по неговите исклучителни изведби во сериите „Бура од тајни“ и „Животот е убав“.

Неговите извонредни улоги му донесоа голема препознатливост во индустријата и огромен број на обожаватели ширум целиот свет, а неговиот привлечен изглед и шармантна личност со сигурност го прават вистински срцекршач и на екранот и надвор од него. Тој секогаш плени со својот изглед и неодамна на Инстаграм сподели фотографии и видеа како вежба во фитнес центри, со што ни откри дека често посетува теретана и е посветен на грижата за својот физички изглед.

Освен на Инстаграм, заводливиот актер можеме да го гледаме и во „Бура од тајни“ каде ја презема централната улога на Шахин како еден од браќата Турабоглу. Екин со неговата висока, згодна и атлетска фигура совршено го отелотворува духот на 25-годишниот мистериозен лик.

Тој, исто така, е впечатлив во улогата на Саваш во серијата „Животот е убав“. Исполнета со емоции и дилеми, неговата приказна остава траен впечаток кај гледачите. Тој продолжува да ја плени публиката со својот шарм дури и кога е заплеткан во љубовен триаголник. Постојано се прашуваме дали Саваш ќе го освои срцето на Зарифе?
Двете серии се прикажуваат на Дизи.

Обожавателите на Екин ги очекуваат возбудливи пресврти секоја вечер во 20:00 часот во „Бура од тајни“ и во „Животот е убав“ во 21:40 часот на Дизи Македонија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Освен „Грешници“, и „Крваво цвеќе“ обновена за уште една сезона

Маратонската турска сапуница “Крваво цвеќе” доби зелено светло за нова трета сезона. Откако веќе беше …

error: Содржината е заштитена!