Почетна / Филм / Француската драма ја стартува новата филмска сезона на МРТ

Француската драма ја стартува новата филмска сезона на МРТ

Легендарниот сценарист и режисер Коста Гаврас ни го прикажува Капитал, возбудлива и напната драма сместена во ризичниот свет на глобалните финансии. Капитал е добар одговор на тоа како современиот капитализам ја исцрпува и ја уништува глобалната финансиска светска сцена.

Кога колабира директорот на банката „Феникс“, макијавелистичкиот млад директор Марк Турнеј е крунисан како замена. Бруталното издигнување на Турнеј е загрозено од еден обид за преземање на банката и од една скандалозна љубовна афера.

Петок, 22 септември 2023 година, старт на новата филмска сезона на Прва. Овој петок на репертоар е француската динамична драма “Капитал” со почеток од 21.10 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Отпор”, биографска воена драма во саботната вечер на Телма

сабота, 1 јуни 2024 година, Телма телевизија, 22.15 часот – Отпор Сè што Марсел Марсо …

error: Содржината е заштитена!