Почетна / Телевизија / За викендите, хрватската РТЛ ова лето со премиерни филмови и серии

За викендите, хрватската РТЛ ова лето со премиерни филмови и серии

Телевизиските канали на хрватската РТЛ телевизија подготвија богата телевизиска програма за гледачите и за време на летните горештини.

Па така, за време на викендите на главниот канал во неколку термини во денот, прајмтајмот и ноќта се емитуваат популарни и премиерни американски филмови како Dumb and dumber, 300, Die hard, Mad Max, The Huntsman, Gone in 60 seconds, Embattled, I am legend и така натака, како и американските серии House и Person of interest.

За време на викендите, на вториот канал на РТЛ се емитуваат серии за опуштање како што се ситкомите Modern family, Two and a half men, The big bang theory и култната Only fools and horses.

Oсвен на овие два канали, премиерна и богата програма следува и на детскиот канал РТЛ Коцкица, каде дечињата ќе може да уживаат со викенд згодите и незгодите на Штрумфови, Ју-џи-о, Буба, Робокар и Мило.

РТЛ има и посебен канал RTL Crime каде се емитуваат криминалистички американски серии во текот на целиот ден како што се сериите од франшизата за Чикаго…,

… а на РТЛ Адрија и РТЛ Пассион, женската публика ужива со премиерни продолженија на познати балкански, турски и латиноамерикански сапуници.

Па така, додека ние следиме подкасти и политика на нашите македонски фреквенции, Хрватите премиерно ги следат телемундовата крими новела El senor de los cielos, Santa Diabla, како и неколку турски трилери и комедии.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тимот на ТВ Пакет со честитка за новоизбраниот директор на МРТ

Со одлука на Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија, по 14 години, нов директор застанува на …

error: Содржината е заштитена!