Почетна / Серии / Теленовели / Мексиканската верзија на „Далас“ стартува на МТМ и локалните

Мексиканската верзија на „Далас“ стартува на МТМ и локалните

ЉУБОВ, ОДМАЗДА И ИНТРИГИ ВО НОВАТА МЕКСИКАНСКА НОВЕЛА

“Фамилијата Реј” е мексиканска ТВ новела, која веќе од понеделник 11 февруари ќе се емитува на Прва Скопска МТМ, а потоа и на останатите локални телевизии ширум земјава. На МТМ премиерните изданија се секоја вечер во 20.40 часот, а репризите ноќта по полноќ и наредниот ден во 12 на пладне и во 17 часот.

Главните улоги им припаднаа на Мишел Браун (ѕвездата на Скриени страсти и Научи ме да сакам) и младата и талентирана Росана Нахера. Во продолжение ве запознаваме со содржината на оваа извонредна мексиканска серија, со која повторно ќе уживате во вкусот на интригите, онака како што само латиноамериканските продукции знаат да направат.

Главата на фамилијата Реј, дон Еверардо е еден од најпознатите и највлијателни моќници во Мексико, но и во светот. Сопственик е на семејната компанија гигант, а оженет е со Мануела Сан Висенте со која има три деца, Вадо, Гиљермо и Матијас. Живеат на голема хациенда, опкружена со беспрекорни пејсажи, и идила каква што секој би посакал. Меѓутоа, нивната приказна на богатство, власт и моќ има мрачна позадина, проткаена со неверства и предавства. Еверардо израснал на село, со својот најдобар пријател Педро Малвидо.

И двајцата биле сиромашни, а желбата за пари и среќна иднина ги натерала да заминат за Америка и да го остварат американскиот сон. И двајцата биле вљубени во Мануела, но си ветиле дека ќе ја заборават таа љубов во име на пријателството, и ќе се посветат на заработка на пари. Меѓутоа, Еверардо одлучил да го прекрши договорот и по враќањето од Америка, ја завел убавата Мануела, а неговиот пријател Педро го сместил во затвор, обвинувајќи го за превара и на тој начин му го земал стекнатото богатство.

И сега, години подоцна, кога Педро излегува на слобода, започнува да ја открива вистината и сите детали за наместеното злосторство. Потполно е скршен и разочаран од сплетките на човекот кој го сметал за свој најдобар пријател, кој не само што го сместил во затвор, туку се оженил и со неговата сакана Ману и му го превзел целото богатство. За Педро доаѓа време на голема одмазда, време на враќање на она што одамна е загубено и вистинска војна со фамилијата Реј.
Воден од несопирливата желба за одмазда, Педро ги труе своите деца, синот Педро Луис и ќерката Лоренца да ја мразат фамилијата Реј. И додека синот е опседнат со одмаздата кон фамилијата Реј, ќерката Лоренца е на чекор да му зададе удар на татка си каков што никој не можеше да очекува.

Лоренца Малвидо и Матијас Реј се вљубуваат еден во друг и одлучуваат да се борат за својата љубов, и покрај сенките од минатото кои ги следат нивните семејства. Така, Матијас и Лоренца ќе се венчаат и доаѓа моментот кога Матијас ја носи саканата сопруга на хациендата на својата фамилија. И токму од тој момент започнуваат сплетките кои никој нема да може да ги сопре. Постариот брат Вадо му завидува и го мрази харизматичниот Матијас, затоа што стравува дека Лоренца може да роди наследник на фамилијарната империја и така да ги остави него и сопругата Паола без ништо.

Единствена која од самиот почеток ќе биде рамо до рамо со Матијас и Лоренца е Мануела Сан Висенте, сега веќе зрела жена, која пред многу години, не сакајќи разори едно големо пријателство и која сега ќе се труди со сите сили да ги помири смртно раскараните семејства Реј и Малвидо. Што сѐ ја очекува младата невеста на големиот имот на Реј? Заплеткана во виорот на судбината, за Лоренца следуваат бурни времиња во кои ќе мора да се бори за вистинската среќа и големата љубов.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неочекуван пресврт oчекувајте во следните епизоди на „Фазилет“

Неверојатен пресврт во следните епизоди од вашата омилена серија “Ќерките на Фазилет”. Секоја вечер во …