Почетна / Сапуници / Гледачите со реакција: Зошто Телма повторува епизодa од „Велвет“?

Гледачите со реакција: Зошто Телма повторува епизодa од „Велвет“?

До нашата редакција и форум стигнаа реакции за денешното емитување на епизодата на шпанската драма “Велвет” на Телма.

Имено, телевизија Телма денеска (15 април) наместо нова епизода, во 17.30 часот ја емитуваше истата епизода која ја прикажаа вчера (14 април). Јасно е дека телевизиите, како и сите компании во земјава, работењето го прилагодуваат на вонредните услови кои ги наметна Корона пандемијата, но довербата и лојалноста на гледачите се задржува и одржува постојано.

Гледачите на “Велвет” навикнаа можеби да ја следат премиерата во различни термини на почеток и различно времетрање, но тоа е поради прес конференциите кои ги пренесува ТВ Телма. Но, сепак… денес не постоеше пречка за емитување на нова и премиерна епизода. Критиката ја насочуваме кон ТВ Телма, со цел да излезе во пресрет на гледачите и да емитува редовно премиерни епизоди на серијата, наместо да се повторуваат епизодите.

За споредба, Сител, Канал 5 и Алфа емитуваат повеќе серии во текот на денот од Телма, па не се има случено да се репризираат епизоди во термин каде треба да оди премиера.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Азра е позитивна на корона – снимањето на новата серија во прекин

Се појавија првите случаи на заразени со корона вирусот меѓу актерите од турските серии. Алина …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!