Почетна / Серии / Американската серија „Madam Secretary“ отсега и на PICKBOX

Американската серија „Madam Secretary“ отсега и на PICKBOX

 

Од пред неколку месеци во македонскиот етер е присутна и првата регионала интернет телевизија – Pickbox.tv , која на корисниците им овозможува да гледаат телевизиска содржина преку интернет во форма на играни, сериски и документарни филмови тогаш кога тие сакаат и на уредот кој тие ќе го одберат.

Претплатниците на Pickbox, своите омилени сериски, играни, документарни и цртани филмови, преведени на македонски јазик, можат да ги гледаат на компјутер, телефон, таблет (има достапни апликации за iOS, Android и Windows)….а со почетокот на наредниот месец тоа ќе можат да го прават и на Smart TV.

Pickbox досега има склучено договори за соработка со продукции како BBC,CBS, ITV, Disney, Sony, МGM и други преку кои на располагање на своите корисници обезбеди низа атрактивни серии меѓу кои и Madam Secretary – Државна секретарка

 

МОРГАН ФРИМАН, ИЗВРШЕН ПРОДУЦЕНТ НА НОВА ПРЕМИЕРНА СЕРИЈА НА PICKBOX

Државна секретарка (Madam Secretary)

Pickbox ве води во Белата куќа, центарот на моќта! Теа Лиони (Шпанглиски, Гола вистина) е Елизабет Мекорд, новоименувана американска министерка за надворешни работи, која ги наследува канцеларијата и работите на својот претходник што загинал под сомнителни околности.

 

 

„Државна секретарка“, нова серија на Си-би-ес, во САД премиерно е прикажана на 21 септември, а од 19 октомври ексклузивно е достапна на Pickbox во рубриката Hotbox. Со ова Pickbox за своите корисници обезбеди ексклузивна можност за следење на најгледаните американски серии само 24 часа по Америка, и тоа шест месеци пред која било друга телевизија да може да го емитува новиот телевизиски хит на Морган Фримен.

Оскаровецот Морган Фриман, еден од десетте најдобро платени актери, има култен статус во филмската индустрија. Како извршен продуцент на серијата, бил одговорен во неа да се појават најеминентни актери, а бидејќи со Теа Лиони се има запознаено на снимањето на филмот Длабок удар (Deep Impact), во која тој го играше претседателот Бек, а Лиони му беше партнерка, изборот на главната актерка за серијата не бил тежок. Со актерската екипа што ја собрал во серијата, се надева дека таа ќе го повтори успехот на Западното крило (West Wing).

Теа Лиони во улогата на Елизабет Мекорд, смелата и решителна новоизбрана министерка за надворешни работи на најмоќната држава на светот, во серијата „Државна секретарка“ е попаметна, побрза и похрабра од сите што се околу неа и спасува надворешнополитички кризи една по друга. Како и секоја современа жена, Елизабет е распната меѓу работата и семејството, додека соработниците постојано ја проверуваат и се сомневаат во секоја нејзина одлука.

Во непријателска средина на работа, каде што секој соработник има некоја скриена намера, министерката Мекорд секогаш успева да ја задржи смиреноста и не влегува во расправии.

Во ликот на Елизабет, американските гледачи препознаа романизирана Хилари Клинтон, но за разлика од неа, Елизабет не само што не ја интересира претседателската функција – таа не сакала ни да биде шефица на дипломатијата. Елизабет е поранешна аналитичарка на ЦИА која станала универзитетска професорка и со мажот, исто универзитетски професор, живее на фарма за коњи со двајца тинејџери. Таа ја напуштила работата во ЦИА од етички причини, со што покажала дека е, всушност, најмалку подобна за работа во политиката.

Срце на серијата е брачниот однос на двојката Мекорд, а авторите тврдат дека нивниот однос ќе функционира одлично во текот на целата серија затоа што има премногу серии кои покажуваат дека за жените е невозможно да имаат и успешна кариера и складен брак. Авторката на серијата, Барбара Хол (Татковина, Судијката Ејми, Чикаго Хоуп) вели дека е важно да се разбие тој стеротип, според кој жена со успешна кариера не може да биде среќна и приватно.

„Државна секретарка“ го следи новиот телевизиски тренд во кој главните улоги ги имаат јаки жени во политиката. Пред само пет години единствена серија за жена во политиката беше „Добра жена“, која ја следи приказната на жена на гувернер прељубник, а денес има сѐ повеќе хероини што ја кројат светската политика и решаваат глобални кризни ситуации во ударните телевизиски термини.

 

Новата серија на Си-би-ес, „Државна секретарка“, со 12,66 милиони гледачи во Америка, ја надмина дури и „Добра жена“ според гледаноста – неа ја гледаа 11,2 милиони Американци.

Улоги:
Теа Лиони (Елизабет Адамс Мекорд)
Тим Дејли (Хенри Мекорд)
Бебе Нојвирт (Нејдин Толивер)
Жељко Иванек (Расел Џексон)
Патина Милер (Дејзи Грант)
Ерих Берген (Блејк Моран)
Џефри Аренд (Мат Махони)
Кетрин Херцер (Елисон Мекорд)
Иван Роу (Џејсон Мекорд)

 

 

ЗНАЕТЕ ЛИ:

Медлин Олбрајт како инспирација за улогата

 

 

Подготвувајќи ја улогата на министерка за надворешни работи што многумина во Америка ја поврзуваат со Хилари Родам Клинтон, Теа Лиони всушност се советувала со Медлин Олбрајт, добра пријателка на Тим Дејли, којшто го игра мажот на Елизабет, Хенри Мекорд.

Медлин Олбрајт, министерката за надворешни работи во време на претседателот Клинтон, а истовремено и првата жена на таа функција во историјата на САД, беше меѓу гостите на премиерното прикажување во Вашингтон на 19 септември, учествуваше во фотографирањето со екипата на серијата и изјави дека се радува што почнале да снимаат серии кои покажуваат како функционираат државните институции, и покрај тоа што некои ситуации на телевизија се малку претерани.

Тим Дејли со години бил придружник на Медлин Олбрајт за службената гала вечера на дописниците од Белата куќа, на која секоја последна сабота во април присуствуваат претседателот и потпретседателот на САД, па така станале добри пријатели. Дејли откри дека поранешната државна секретарка Медлин Олбрајт многу добро ги познава најдобрите ресторани во светот.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжението на „Life on Mars“ за викенд крими акција на Нова С

Секоја сабота и недела на кабловската Нова С го следите продолжението на познатата британска серија …