Почетна / Серии / Серијата „Огнена љубов“ на Бен Стилер за летен прајмтајм на Телма

Серијата „Огнена љубов“ на Бен Стилер за летен прајмтајм на Телма

Ова не е уште едно реално шоу, ова е пародија на реалните шоуа

Од понеделник до петок во 20 часот и 55 минути на Телма телевизија се емитува комедијата “Burning love”, снимена во 2012 и 2013 година во 42 продолженија. Навидум ќе помислите дека се работи за уште едно риалити шоу од типот на The Bachelor, The Bachelorette или Bachelor Pad, но ова е всушнот серија која е пародија на таквите шоуа. Но, содржината слична на реалните шоуа од натпреварувачки карактер, кои ги споменавме. Маж или девојка е во потрага по совршениот партнер од неколку натпреварувачи кои живеат во иста вила. Во првата сезона, ергенот кој треба да најде сродна душа е Марк Орландо, а во втората сезона, ја имаме Џули која добива шанса да си најде совршен маж.

Во 2013 година е номинирана во категоријата “Short-format Live-Action Entertainment Programs” за наградите ЕМИ, а емитувана е на E!. Пред почетокот на новата телевизиска сезона, Телма со “Огнена љубов” за летна забава во вечерните часови.

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Јапонија пресуди дека АИ не смее да го клонира гласот

Живееме во време кога вештачката интелигенција (ВИ) може да го копира секој наш детаљ, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!