Почетна / Вебновела / Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 25

Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 25

 

25то продолжение

 

Антолин Варгас имаше договорен состанок со дон Вадо во топилницата.

–          Не ми служиш за ништо!, – бесно го нападна дон Вадо.

–          Дојдов да ја преземам одговорноста дон Вадо. Направив се за да го тргнеме Тристан Фуего од патот. Се беше под конторла…

–          Ништо не е под контрола!

–          Дозволете ми да ви објаснам. Адвокатот што го најмив за го брани беше тргнат од случајот бидејки се појави друг, од најдобрата адвокатска фирма во земјава.

–          Тристан и неговата мајка немаат ништо! Од каде им пари да го најман најдобиот адвокат?

–          Тоа е мистерија, дон Вадо. Има некој кој ги штити. Со сите свои пари и влијаниа, адвокатот успеа да му се одобри кауција и Тристан да биде ослободен.

–          Кој по ѓаволите ја платил таа кауција?! Кој стој зад сето ова и ми работи зад грб?

За дел од секунда, со широки зеници дон Вадо се најде покрај Антолин зграпчувајки го цврсто околу вратот.

–          Не знам дон Вадо. Пуштете ме, не можам да дишам.

–          Кажи ми кој го извлече Тристан Фуего од затвор или ќе те убијам со голи раце?!, – му се закануваше дон Вадо, не испуптајки ги своите раце од неговиот врат. – Не заслужуваш да живееш! Ме изневери! Ја гризеш раката која те храни!

–          Дон Вадо, ве молам!

–          Зборувај!, – му нареди дон Вадо, откако ја тргна својата цврста рака од неговиот врат.

–          Оставете ме да дојдам при себе, дон Вадо, – на кратко Антолин го масираше својот врат обидувајки се да дојде до здив. – Дамијана…вашата внука…

–          Што направила таа неблагодарничка сега?

–          Оставете ме да довршам дон Вадо. Дамијана работеше зад мој грб, – полека се правдаше Антолин не сакајки да го доведе својот живот во опасност.

 

Дон Вадо ја напушти канцеларијата како виор. Дамијана го забележа својот вујко како излегува од просторијата па пријде до Антолин.

–          Што стори, Антолин? Зошто вујко излезе бесен како ѓавол?

Антолин повеќе немаше сила да игра двојна игра. Беше свесен дека дон Вадо може да го уништи и неговиот живот како што имаше уништено и многу претходно.

–          Сакаше да ме убие кога дозна дека Тристан е на слобода. Морав да му признаам дека ти ја плтаи кауцијата за неговата слобода. Дека ти го ослободи Тристан Фуего.

Ликот на Дамијана за кратко се проемени. Ги собра веите како ѓавол, додека зениите во очите и се раширија.

–          Тоа и требаше да го очекувам од еден подол црв како тебе! Те мразам! Те презирам со сета душа, предавнику!, – извика на сиот глас и хистерично ја напушти канцеларијата.

Се врати во својата канцеларија посегна по шишето со коњак и наточи една чаша за себе. Ја испи во два наврати. Со растреперени раце го дофати телефонот и го заврте бројот на Ектор.

–          Што сакаш, Дамијана?

–          Тонеме, Ектор! Антолин зборувал со вујко…

–          Јас немам за што да се грижам. Ти беше онаа која матеше вода со Антолин.

–          Двајцата и јас и ти го прелажавме вујко. Ти си виновен што пропадна договорот со јапонците. Заедно ги заботиравме.

–          Дон Вадо никогаш нема да верува дека сум бил вмешан во тоа. Ти го почна орото со Антолин и играј го до крајот со него. Но не си свесна колку тој човек е опасен. Антолин само сака пари и позоција. Затоа и сакавте да го убиете Тристан Фуего, за да стекнете доверба кај дон Вадо.

–          Не знаше што зборуваш, Ектор…Јас бев таа која ја плати кауцијата за да го ослободат Тристан. Сега Антолин тоа му го признал на дон Вадо и тој ја бара мојата глава.

–          Ти? Ти си ја платила кауцијата за Тристан? Не ти верувам, Дамијана. Од каде тој спонтан израз на милосрдие?

–          Ектор, мораш да ми веруваш. Јас секогаш бев на твоја страна. Ако вујче ја дознае вистината, двајцата сме готови. Мораш да ми помогнеш и да ме зашитиш, Ектор.

 

Ектор немаше друг избор освен да ја подржи Дамијана пред дон Вадо. Вечерта и двајцата се вратија во вилата, каде што во салонот ги чекаше кралот на златото.

–          Тука си, – низ заби процеди дон Вадо гледајки ја својата внука.

–          Знам дека Антолин зборувал со тебе, вујче. Мораш да ме сослушаш, да сфатиш зошто ја платив кауцијата за Тристан…

–          Замолчи! Не сакам да чујам збор од тебе!

–          Подобро да ја сослушаш, дон Вадо, – го замоли Ектор.

–          Вујче, – продолжи Дамијана.

–          Заминувај од мојава куќа додека не сум те убил!

–          Вујче, мораш да ни дозволиш да ти објасниме што се случи со Тристан.

–          Да ми објасните? Двајцата сте во ова?, – беснееше Вадо.

–          Дозволете ми да ви ја кажам вистината дон Вадо, – проддолжи да зборува Ектор. Тристан Фуего нема никаква поврзаност со несреќата во топлиницата каде што почина Мелчор Рентеира. Напротив, Тристан ме опомена дека печката не работи исправно.

–          Го познаваш од претходно?

–          Не, – излажа Ектор. – Јас само што бев дојден во топилницата.

–          Тоа не е одговорот на моето прашање. Дали го познаваш Тристан Фуего од порано?

–          Секако дека не, дон Вадо. Но, тој човек е невин. Јас го пратив Мелчор на таа позоција тој ден. Не се надевав дека ќе дојде до експлозија и дека ќе го загуби животот.

–          Значи ти си виновен?

–          Дозволете ми да ви објаснам. Тој ден дојдов во топилницата со јапонците. Сакав да им ја покажам ефикасноста на работата. Не сакав погонот да сопре поради една неисправна машина. Иако Тристан ме предупреди дека машината не работи, сепак не сакав процесот да сопре. Тогаш, се случи тоа што се случи. Загубивме еден работник. Да го послушав Тристан немаше да дојде до таа трагедија…

–          Сега излегува дека Тристан Фуего е херој?, – цинично праша Вадо. – Ја признаваш неговата вина? Што имаш да кажеш ти на ова Дамијана?Најпрво го клеветиш Тристан па го вадиш од затвор?! Што друго криете од мене?

–          Ништо дон Вадо. Дамијана само сакаше да биде праведна, затоа ја плати кауцијата за Тристан, – одговори Ектор.

–          Не зборувај глупсти, Ектор! Ја познавам мојата внука. Само бара начин да ми се одмазди а не знае како. Никој не ми може ништо бидејки сите ве држам во раце! Го слушам она што се зборува и она што се премолчува. А ти, предавничке, – погледна во својаа внука. – Сметај дека повеќе не си дел од мојаа компанија!

–          Што сакаш да кажеш со тоа?

–          Сакам да кажам дека си отпуштена.

 

Следниот ден, Дамијана дојде во својата канцеларија да ги собере своите работи. Трансито веќе го чистеше нејзиното биро што уште повеќе ја разбесна.

–          Што правиш, Трансито?

–          Извинете госпоѓице, но добив налог дека ова повеќе не е ваша канцеларија. Ја чистам за оној кој ќе го заземе вашето место.

–          Оној што ќе го заземе моето место?

–          Да, Дамијана, – одговори Антолин стоејки триумфално на вратата од канцеларијата. – Од денес ова е мојата канцеларија.

–          Предавнику! Мислиш дека далеку ќе догураш што му се лижеш како куче на мојот вујко?

–          Потивко, Дамијана, не ти доликува да правиш сцени пред персоналот…

–          Извинете ме, – се повлече секретаката сфаќајки дека е одвишок.

–          Поради твојата голема уста добив отказ! А сега ја заземаш и мојата канцеларија…

–          Тоа беше директна наредба од кралот на златото, – ликуваше Антолин.

–          Мојот вујко те држи како марионета во своите раце. Со години ги трпам неговите понижувања но под само еден притисок ти мораше да му кажеш се!

–          Смири се или ќе го повикам обезбедувањето да те исфли одовде – дрско и се закани.

–          Ти платив да молчиш…

–          Немав друг избор освен да му ја кажам вистината на дон Вадо. Сакаше да ме убие.

–          Гледам, толку си мртов што ја заземаш мојата канцеларија. Ќе ми платиш за ова, Антолин. Ќе ми платиш скапо за ова понижување и предавство.

–          Ти беше онаа која мене прва ме предаде и ги промени правилата на играта. Не заборавај дека цела ноќ работев на извештајот за да го наместам Тристан Фуего како виновник. Кога конечно собрав докази да го фрлам во затвор, добрата самариѓанка се појави за да го ослободи..

–          Скапо ме чинеше твоето соучество. Ти платив со моето тело.

–          Но никогаш не паднав во твојата мрежа, Дамијана. Затоа си бесна. Заедно со Ектор сакавте да ме исфрлите од оваа игра. Но не успеавте! На крајот јас тирумфирав! Јас те искористив тебе како што ти сакаше да ме искористиш мене!

И пријде и се згаледа во нејзините убави сини очи. Се обиде да ја бакне страсно, но таа му замавна силна шлаканица. Тогаш тој пријде до телефонот и ја замоли скеретарката да го повика обезбедувањето.

–          Обезбедување! Водете ја оваа жена одовде! , – им нардеи мирно. – Ова е моја канцеларија. Инжењерката е отпуштена. Кралот на златото нареди да не биде видена во близина на компанијата.

Двајца момци од обезбедувањето ја фатија Дамијана за рацете и ја поведоа кн вратата.

–          Не си одам додека не ги земам моите лични работи за кои дојдов. Пуштете ме, – хистерично врескаше Дамијана.

–          Немаш прави да земеш ништо, – немилосрден беше Ектор. – Носете ја!

–          Пуштете ме! Не ми треба вашата помош! Знам и самата да излезам одовде! Но, ти ќе ми платиш Антолин! Се колнам дека ќе ми платиш!

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!