Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #24 |Alevosía

Предавство, епизода #24 |Alevosía

 

Лусија ја известува својата мајка доња Инес дека и е потребен нејзиниот глас за да го исфрлат Октавио од клиниката. Кога старицата ќе чие дека Октавио го труел нејзиниот зет решава сепак да се појави на состанокот на акционери наместо нејзината ќерка Тринидад.

Трини е бесна што Лусија успеала да ја натера нивната мајка да се појави на состанокот.

Во животот на Естер се појавува Раул, нејзиното поранешно момче кој сака да си ја врати назад старата девојка. Естер го одбива известувајки го дека е вљубена во Хоакин.

Густаво е решен да разговара со децата на Лусија за да ги запзонае подобро пред да им влезе во живот. Му признава на Диего дека е вљубен во енговата мајка, а Диего го советува да почека пред да зборува со Сесилија бидејки не е вистински момент за разговор со неговата помала сестра.

Во меѓувреме, Хоакин и предлага на Естер да живеат заедно во неговиот стан.

Мирјам го посетува својот внук Густаво кој и признава дека и покрај обидите на Анхелес да ги раздели сепак е заедно со Лусија.

Мирјам се кае за она што и го кажала на Лусија.

По неколку дена се одржува собирот на акционери во една од салите на клиниката. Прво, Анхелес како нов акционер бара да се прегласа за претседател бидејки таа не присуствувала минатиот пат. Благодарение на гласот на својата мајка, Лусија повторно е избрана за нов претседател на клиниката.

Потоа, Лусија со моќта на претседател го известува Октавио дека е отпуштен од клиниката.

Бесен, Октавио го напушта состанокот заканувајки и се на Лусија дека ќе и се одмазди.

Хулијан кој сеуште не знае каков одно сима со Нати, дали колегијален или романтичен, и предлага да заминат на викенд во Ваље де Браво, по што Нати го одбива користејки ја работата како изговор.

Каетана му ги приложува тест резултатите од пилулите кои ги пиел Игнасио на Густаво и хирургот сфаќа дека се работи за обични аналгетици место пилули за срцеви болесници.

Кларита, потврдува дека Игнасио и претходно имал срцев удар и дека криел од сите за тоа.

Сесилија и помага на својата сестра Анхелес околу подготовките за венчавката. Чоле, старата и верна домарка и подарува вредни и скапи смарагди на идната невеста. Анхелес скептично ја прашува од каде ги украла.

Напуштајки ја клиниката, некој се обидува да ја прегази Лусија…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …