Почетна / Филм / Лето 2020-то на МРТ 1 со играни филмови, секој ден во прајмтајм

Лето 2020-то на МРТ 1 со играни филмови, секој ден во прајмтајм

Наместо репризните емитувања на “Преспав” и “Френдс”, од сега на првиот канал на Македонската телевизија ќе се емитуваат американски филмови, по еден секоја вечер во 21.15 часот.

понеделник (15 јуни 2020) – “The crash” (2017)

Замислете го хаосот од хакерскиот напад кој ги руши насилните банкарски системи, најстабилните влади и држави се на работ на колапс, а решението го има само еден. Возбудливи трилер со Френк Грило.

вторник (16 јуни 2020) – “The house” (2017)

За да ѝ овозможат на својата ќерка да се запише на факултет, Скот и Кејт решаваат да отворат илегално казино во својот подрум.

Вил Фарел, Ејми Полер, Алисон Толмар, Џејсон Манѕукас во комедијата “Коцкарска куќа”.

среда (17 јуни 2020) – “The perfect storm” (2000)

Феноменалниот бестселер на Себастијан Јунгер доаѓа на големото платно со Џорџ Клуни во улогата на искусен капетан на еден рибарски брод кој ќе се судри со судбината во оваа напната вистинита приказна за „Совршена бура“.

Само по неколку дена откако се враќа од разочарувачко риболовно патување, капетанот на „Андреа Гејл“, Били Тајн (Клуни), одлучува да се врати на море за да лови сабјарки последен пат пред да заврши сезоната. Штом излегуваат на море, Тајн дознава за претстојна бура, но мисли дека ќе може да ѝ избега. Тој не знае дека се соочува со една од најразорителните бури во 20-тиот век

четврток (18 јуни 2020) – “Justice league” (2017)

По смртта на Супермен, Бетмен и Супержена најмуваат личности со супермоќи за да го заштитат човештвото од вонземската закана – Степенвулф. Заедно со нивните нови сојузници тие создаваат суперхеројски тим, познат како Лига на правдата.

петок (19 јуни 2020) – “Absolute power” (1997)

Американски филм од 1997 година, во режија на Клинт Иствуд. Во филмот, Иствуд ја одглумил една од своите најдобри улоги во 1990-тите, а истовремено ги потврдил своите продуцентски и режисерски вештини. Иако обработува политичка тема, во заднината на дејството се појавува силна човечка димензија која на заплетот му дава убедливост и интригантност.

Професионалниот крадец Лутер Витни е голем љубител на сликарството и секое утро го посетува градскиот музеј. Тој планира да ја ограби празната вила на стариот милионер Волтер Саливан, кој е оженет со многу помлада жена, Кристи. Лутер успешно влегува во просторијата со сефот, но наеднаш во спалната соба влегуваат неочекувани гости. Тој се крие во гардеробата и станува сведок на тајната љубовна средба меѓу Кристи и претседателот на САД, Алан Ричмонд, чија љубовна игра се претвора во остра садистичка борба.

сабота (20 јуни 2020) – “The Bodyguard” (1992)

Главните улоги ги толкуваат Кевин Костнер, Витни Хјустон и Гери Кемп.

Познатата печајка Рејчел Марон добива заканувачки пораки и затоа, нејзиниот тим го ангажира телохранителот Френк Фармер, кој на задачата ѝ пристапува многу сериозно. Сепак, тоа се должи и на фактот што тој е опседнат со својот неуспех во минатото, кога поради негов пропуст, не успеал да спречи еден атентат.

Поради преголемите мерки за безбедност што ги презема Френк, Рејчел е вознемирена и на почетокот, таа е непријателски настроена кон него, но постепено, тие стапуваат во љубовна врска.

недела (21 јуни 2020) – “I am Sam” (2001)

Одличниот Шон Пен го гледаме во улога на ментално заостанатиот 33 годишен Сем, кој во паметот е како седумгодишно дете. Откако социјалните служби ја одземаат неговата ќерка, тој бара помош од адвокат, кој ќе го научи дека семејството е поважно од кариерата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Италијанска комедија, канадски трилер и романси на Телма

сабота (20 јуни 2020), 19.15 часот – Manuale d’am3re (2011) Италијанска романтична комедија за три љубовни …

error: Содржината е заштитена!