Почетна / Филм / Летни премиери на Алфа | Секоја вечер по два ЈУ филмови

Летни премиери на Алфа | Секоја вечер по два ЈУ филмови

Од сега се враќаат премиерните содржини на телевизија Алфа. Од понеделник до петок во 19.15 часот ќе се емитуваат нови емисии на политичката дебата “Отворено на Алфа”, а од 20.15 часот во продолжение по два играни филма oд југословенската кинематографија. Дознајте ги насловите на филмовите за следнава седмица :

сабота (20 јули) – 21.00 часот – “Среќа во вреќа”

Интересна приказна за Рака и Мара, снимена во 1961 година. Кога еден крадец ќе направи проблем во сервисната станица, за шеф Рака останува прашањето – што да прави со милионскиот плен, да го врати или не?

недела (21 јули) – 21.00 часот – “Тимочка буна”

Екс ју филм од 1983.та во кој Љубиша Самарџиќ и Велимир Бата Живојиновиќ ќе се соочат со љубов, чест и бунт во време кога српскиот народ ја крева големата тимочка буна против кралот Обреновиќ.

понеделник (22 јули) – 20.20 часот – “Заборавени”

Каков бил животот на младите деликвенти во бивша Југославија во 80-тите години? Приказна за млади деца од еден воспитен дом, кои една вечер излегуваат во град и правам р’шум каде и да стигнат. Кршат, удираат, уништуваат… но зад нив освен пустош, го оставаат отворено и прашањето – зошто го сториле тоа?

понеделник (22 јули) – 22.00 часот – “Каде е Надја”

По исчезнувањето на една 18-годишна девојка, нејзиниот татко тргнува во потрага по неа, а на тој пат ќе го запознае светот на ќерка му и младите за кој никогаш не знаел дека постои. Филмот е дел на осум млади режисери од Факултетот за драмски уметности во Белград и е снимен во 2013-та година.

вторник (23 јули) – 20.20 часот – “Штитеник”

Филм од 1966 година во кој Љубиша Самарџиќ го толкува ликот на младото момче кое нема да бира средства за да дојде до врвот на општествената елита. На патот до целта, ќе изневери многу личности, но и ќе ја доведе во прашање вистинската своја љубов.

вторник (23 јули) – 22.00 часот – “Нервен слом”

Уште една социјална драма од минатиот век за изгубени соништа и потрага по подобро утре.

среда (24 јули) – 20.20 часот – “Софка”

Филм од 1948 година во кој во кој ја гледаме Вера Греговиќ како младата Софка, која е приморана да се омажи за 12-годишен син на еден богат трговец како ви ја спречила семејната материјална пропаст.

среда (24 јули) – 22.00 часот – “Уна”

Филозофските и идеолошките погледи на еден професор ќе ја фасцинираат младата студентка, која трпеливо ќе слуша и учи во тој чуден однос за животот, акциите и однесувањето на професорот. Во главните улоги ги гледаме Раде Шербеџија, Милена Дравиќ и Соња Савиќ.

четврток (25 јули) – 20.20 часот – “Шефот на полковникот”

четврток (25 јули) – 22.00 часот – “Загреб-Белград преку Сараево”

Милош Радовиќ во ’92 година ја режира драмата за едно интересно патување на Иво Андриќ и Милош Црњански.

петок (26 јули) – 20.20 часот – “Лилика”

Малата Лилика по отфрленоста од мајката и очувот, ја сместуваат во воспитен дом, кој од сега нема да го доживува како ново мирно катче, туку како вистинска робија за деца. Драгана Калаба е малата Лилика во филмот на Бранко Плеша од 70-та година.

петок (26 јули) – 22.00 часот – “Бубачки во глава”

Приказна за еден млад човек, кој е во потрага по сопствениот интегритет. Уште една социјална тема за еден дечко и една девојка кои во емоционалниот занос, не може да ја совладеат духовната тегоба. Они се чувствуваат изгубени во тоа време. Дечкото не наоѓа решение за своите сомнежи, ниту за своето постоење. Неговото чувство е дека е погрешен човек во вистинско време, односно вистински човек во погрешен свет.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Култниот филмски серијал „Тесна кожа“ за викенд смеа на Сител

Никогаш доста за југословенскиот хумор кој судејќи по бројките на гледаност е еден од омилените …