Почетна / Серии / Теленовели / Сидата го одбележа животот на актерот од хит серијата „Бруско“

Сидата го одбележа животот на актерот од хит серијата „Бруско“

Македонската публика има можност веќе од пред неколку дена ексклузивно да ја следи најновата хит серија на Сител – “Бруско”. Грчка посластица која плени не само со солидната продукција, интригантна приказна и атрактивни локации, туку и со одличната актерска екипа.

Во очи на прва падна главниот пар, Ахил и Мелина. Таа од Крит, тој од Кипар. Таа ветена за Сифи, тој договорен со Евридики.

Згодниот грчки глумец и режисер Андреас Гергиоу го толкува ликот на Ахил, кој од самиот старт страствено се вљубува во Мелина од Крит, и тоа на неколку дена пред двајцата да прават свадба со други луѓе.

Богат, безгрижен и страствен во серијата, но приватно голема трагедија го одбележала животот на актерот.

Неговиот татко имал сида и ја заразил неговата мајка. Освен тоа, мајката на глумецот потоа му родила брат, кој откако дошол на свет, живее со опасната болест.

Деталите за семејната драма облежена од сидата, Андреас ги открил кога бил учесник во едно грчко реално шоу, каде што и победил.

По смртта на неговата мајка, тој од мали нозе го обвинува татка си за тоа што им ги уништил животите на сите. За жал, не можел да го врати времето назад.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Погледнете со каква убавица е женет актерот од „Фамилијата Реј“

Аргентинскиот актер Мишел Браун стекна светска слава благодарение на улогата на еден од браќата во …