Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / „Квиско“, нов забавно едукативен квиз за деца на МРТ 1

„Квиско“, нов забавно едукативен квиз за деца на МРТ 1

Од понеделник до петок во 18.50 часот на првиот канал на Македонската телевизија ќе се прикажува нов детски квиз. Мартин Јорданоски е водител на квиз шоуто, а игрите се Орбита, Необични приказни, Таен збор, Пирамида и Бројчаник.

Според тимот на емисијата, се работи за квиз кој е пред сè забава, дружење, а потоа натпревар на концентрација, меморија, логично поврзување, асоцијација и тимска работа, она што најмногу им недостасува на денешните деца.

Секоја епизода од квизот се натпреваруваат по два тима кои се составени од по три играчи. Тие цело време функционираат како тим и заеднички донесуваат одлуки за одговорите на поставените прашања.

„Квиско“ е составен од пет игри, во кои тимовите може да освојат различен број на поени.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечерва гласаме за бројот 1 на 145 333 за победа на Мики во „Гранд“

Македонскиот идол Мики Секуловски е еден од најсериозните кандидати за победа во големото музичко талент …

error: Содржината е заштитена!