Почетна / Сапуници / Алфа со реприза на многупати емитувана серија

Алфа со реприза на многупати емитувана серија

Серија емитувана пред неколку години на Алфа, а потоа и неколку пати репризирана на скопска МТМ и останатите регионални телевизии ширум земјава. Руска серија снимена во копродукција со Турција.

И сега… повторно истата серија и повторно назад на Алфа на местото на репризите од турските серии кои со голем успех беа емитувани претходно на А1, Сител и Канал 5.

“Исток Запад” е руска серија која спои два света, две култури, две традиции и го создаде најголемиот мост на љубовта меѓу студената Русија и топлата земја крај Босфорот.

Приказна за една жена, чија желба да добие дете, ја натера да замине од Москва и во топлиот град Истанбул да побара шанса за својата иднина. Сосема неочекувано, младата Татјана се вљубува во убавиот турски доктор Кемал и од тогаш започнуваат интригите во приказната за забранетата љубов меѓу младата Русинка и згодниот Турчин.

Русија и Турција… Двете големи земји ќе ги одмерат силите на љубовта, повторно во “Исток Запад”, од понеделник до петок во 16.15 часот на Алфа.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Освен „Грешници“, и „Крваво цвеќе“ обновена за уште една сезона

Маратонската турска сапуница “Крваво цвеќе” доби зелено светло за нова трета сезона. Откако веќе беше …

error: Содржината е заштитена!