Почетна / МК Сцена / Вечерва е концертот на Лозано – бидете дел од мега настанот !

Вечерва е концертот на Лозано – бидете дел од мега настанот !

Авалон ги информира фановите на Влатко Лозаноски дека во продажба се последните  влезници за концертот кој ќе се одржи во вечерва во ВИП Арената.

За сите заинтересирани што постојано нè прашуваат, во моментов влезници има од сите категории, а истите можат да се набават преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија, онлајн на www.avalon.mk, Југотон, Розе Веро 2 и на продажното место во Сити Мол. Исто така, ве информираме и дека одредена количина на влезници ќе може да се набави и на денот на концертот, на билетарата во ВИП Арената – соопштуваат од најграндизоната продукција Авалон.
Вечерва сите на концерт! Да ја поддржиме македонската музика и квалитетни изведувачи како што е Лозано. Во еден глас вечерва ги пееме Километри, Надеж, Мајко, Јако јако, Мандарина, Бонбона, Ова лето ќе се памти и многу други. Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Нашиот DJ Тод Хејз преработи песна од Сирилик

Македонскиот продуцент и диџеј Тод Хејз денес го претстави ремиксот на песната „Доволни“, што на …