Почетна / Сапуници / Квалитетната шпанска мелодрама „Велвет“ ексклузивно на Телма

Квалитетната шпанска мелодрама „Велвет“ ексклузивно на Телма

Oд понеделник до петок на Телма телевизија се емитува шпанската романтична драма “Велвет”. Од креаторите на “Гранд хотел”, доаѓа уште една квалитетна серија, која го враќа шармот и духот на 50-тите години од минатиот век.

Во Мадрид постои тоа место, кое сите сакаат да го видат и посетат. Тоа е модната куќа “Велвет”, гламурозна скапоцена палата во која се дизајнираат, кројат и продаваат најубавите модни парчиња на таа доба.

Сопственици на галеријата “Велвет” е богатата фамилија Маркез. Дон Рафаел Маркез е главата на фамилијата и е женет со Глорија, а од првиот брак го има синот Алберто. Глорија ја има ќерката Патрисија, исто од првиот брак.

Ана е млада девојка која останува сирак како девојче и доаѓа да живее кај својот вујко Емилио кој работи во стоковната куќа. Тука Ана го запознава Алберто и се раѓа голема детска љубов. Кога ќе станат полнолетни, Алберто и Ана одлучуваат да побегнат и да се венчаат, но дон Рафаел ги спречува намерите на својот син единец и го испраќа на студии во Лондон.

Години подоцна, Ана работи како кројачка во модната куќа. Со годините, израснала во преубава млада дама. Враќањето на Алберто во Мадрид ќе ги разбуди старите чувства кај двајцата, кои одлучуваат овој пат да се борат за својата љубов до крај.

Уживајте во раскошот на Мадрид и сплетките во најголемата модна куќа “Велвет”, од понеделник до петок на Телма во 17.30 часот. Репризата е следниот ден во 09.40 часот наутро.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Запознајте ја убавата Гркинка Мелина од серијата „Бруско“

Хит серија за хит лето. Од понеделник до петок на телевизија Сител ќе се емитува …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!