Почетна / Филм / МТМ и регионалните ТВ со филмски серијал мистерии од Hallmark

МТМ и регионалните ТВ со филмски серијал мистерии од Hallmark

За сите љубители на добрите криминални приказни и филмови од жанрот „Кој е злосторникот?“, овој ноември следува мини серијата Мистерии на дотраените куќи.


Во првиот дел Местенки за убиство, ја гледаме Шенон Хамер, сопственичка на градежна компанија и истовремено експерт за реставрација на стари куќи од Викторијанската ера.

За време на реновирање на една од тие недвижнини, Шенон, ќе најде докази за таинственото минато на една куќа и истовремено ќе предизвика лавина од немили настани.


Во вториот дел, откако ќе открие остатоци од човечки скелет во подрумот на куќа која ја реновира, Шенон е со намера да открие кој е причината за ова злосторство, составувајќи дел по дел од мистериозната сложувалка, оставени во дневникот на самата жртва.


Секој викенд на МТМ и регионалните телевизии, нова мистерија на Халмарк.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Карате акцијата „Best of the best“ со Ерик Робертс на МТМ и регионалните тв

Од следниот викенд, љубителите на боречките вештини, ќе уживаат во американскиот акцион телевизиски филмски серијал …

error: Содржината е заштитена!