Почетна / Забава / Концертот на Deep Purple се преместува во Арена „Борис Трајковски“

Концертот на Deep Purple се преместува во Арена „Борис Трајковски“

Поради најавеното дождливо време на 27-ми и 28-ми мај, а во консултација со менаџментот на DEEP PURPLE, Авалон одлучи за сигурна варијанта – префрлување на концертот во арена “Борис Трајковски”, истиот ден, во сабота на 28-ми мај.

Тоа е впрочем и одлична вест, затоа што сите со купени влезници досега, како и сите оние кои ќе купат отсега, ќе може да бираат дали сакаат да го следат концертот од седење или од стоење, и тоа по овој распоред:

ФАН ПИТ:
Сите што имаат купено фан пит влезници може да стојат во својата омилена зона- пред бината или да седат на останатите ненумерирани трибини- по свој избор.

ПАРТЕР:
Сите оние што имаат купено партер влезници може да стојат во партер зоната или да седат на останатите ненумерирани трибини- по свој избор.

ВИП:
Сите оние што имаат купено Вип влезници ќе може да седат во ВИП трибината (блок 13)

Со ова се исполнува желбата на голем број и на сите оние што прашуваа дали на стадионот на АРМ ќе има столчиња или трибини, што се разбира дека е невозможно. Сега на новата локација, и тоа е возможно.

Имено, во продажба според капацитетот на арената “Борис Трајковски” има уште 1.500 влезници кои ќе се продаваат до концертот по истиот принцип (партер и фан пит), но и со тие влезници ќе може да се седи, секако по желба на купувачот.
Истите се достапни за купување на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија, плоштад „Македонија“ и онлајн на avalon.mk.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Црвена јабука” во Охрид – концерт на 9 август во „Антички театар”

После успешно продадените концерти низ Македонија и регионот, неверојатно квалитетните и легендарните „Црвена јабука” доаѓаат …

error: Содржината е заштитена!