Почетна / Живот / ИНРЕКОМ : За донацијата на АВМУ и апел до АЕК и операторите

ИНРЕКОМ : За донацијата на АВМУ и апел до АЕК и операторите

Институтот за развој на електронски комуникации ја поздравува одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за донирање финансиска помош – донација за справување со последиците од коронавирусот (COVID-19), во износ од 105.000.000 денари. Текстот на ИНРЕКОМ во целост ви го пренесуваме :

ИНРЕКОМ ја поздравува одлуката за донирање по еден милион денари на Министерствата за внатрешни работи и за здравство, како и износот од 73 милиони денари на комерцијалните и непрофитните радиодифузери, но и 30 милиони денари на Македонската Радио-Телевизија.

Дополнително ја поздравуваме и одлуката за поволности наменети за радиодифузерите, на кои рокот за плаќање на годишниот надоместок за дозвола им доспева по донесување на Одлуката за донација, и тоа до крајот на 2020 година, Агенцијата да не им го побарува годишниот надоместок, туку ќе им издаде фактура чија висина соодветствува само на износот на данокот на додадена вредност.

Институтот ја повикува и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) да го следи примерот на АВМУ, како независен регулатор и да излезе со пакет решенија кои би го олесниле работењето на телекомуникациските оператори, но и да издвојат одредена сума на средства од својот буџет кои би ги донирале првенствено во Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи, а доколку е потребно и во Министерството за одбрана, Центрите за јавно здравје, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.

За потсетување, согласно Годишниот финансиски план за 2020 година, АЕК има вишок на финансиски средства од минатите години во износ од 125.275.193 денари, а средства што се префрлаат од 2019 во 2020 изнесуваат 170.978.778 денари. АЕК на располагање од минатите години има вкупен износ од 296.254.971 денари, кои може истите да ги распредели по институциите, во координација со Претседателот на Владата, Министерството за финансии, соодветните институции и со позитивно мислење од страна на Министерството за правда.

Одредена висина од средствата апелираме и за одобрување кон операторите како финансиска помош поради отежнато плаќање на услугите што ги добиваат корисниците.

Вреди да се напомене и фактот дека во ек на пандемија, главен апел е да се остане дома, со што постои можност за оптеретување на целокупната интернет мрежа кај операторите, за што е потребна директна интервенција од страна на стручните екипи на операторите. Токму затоа, апелираме до АЕК да се одвојат средства како донација до операторите за да си ги заштитат своите екипи кои излегуваат на терен.

Како крајна препорака до АЕК е намалување на висините за надоместоци за радиофрекфенции, за користење на доделени броеви и серии на броеви и надоместокот за надзор на пазарот за електронски комуникации, кај операторите или радиодифузерите за периодот додека трае епидемијата на коронавирусот.

За крај, ИНРЕКОМ ги повикува големите играчи на пазарот за електронски комуникации, првенствено со акцент на големите оператори и радиодифузерите, авансно да извршат аконтативно плаќање на данокот на добивка и другите месечни давачки, со цел да се даде придонес во ликвидноста на централниот буџет. Преку тоа, компаниите ќе покажат дека се општествено одговорни со што ќе обезбедат ликвидни средства за зголемување на капацитетот на државните институции во борбата за справување со пандемијата на коронавирус.

КОМЕНТАР: Донацијата на АВМУ и апел до АЕК и телекомуникациските оператори

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Социјален експеримент: Дали би зборувале со личноста позади завесата?

Деновиве на социјалните мрежи вирално се прошири навидум едноставно, но моќно видео кое нѐ потсети …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!