Почетна / Забава / Песни за мерак во Виртуелна кафана кај Марио од „Група Мерак“

Песни за мерак во Виртуелна кафана кај Марио од „Група Мерак“

Марио Стојановски од Група Мерак денеска, 25ти март, среда, во 22 часот ќе отсвири со својата хармоника песни за мерак во Виртуелна кафана на неговиот Фесбук профил.

„Драги мои, би сакал вечерва да ве поканам во мојата Виртуелна кафана на профилот на Фејсбук, сите заедно да уживаме во убавите македонски и балкански песни започнувајќи од 22 часот. Додека трае полицискиот час против Ковид-19 во својот дом ќе се обидам да ве расположам со мојата хармоника“ вели Марио Стојановски.

Марио е член на шестчлената група Мерак, кои ги препеаја познатите македонски песни Една песна, Мајка на Марика, Дојди ми Лено, Чудна жена и Бисера.

Дани

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска Филхармонија со концерт насловен „Сила“ на 7 март

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската Филхармонија ќе го изведе концертот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!