Почетна / Телевизија / Видео | Ова и вас ќе ве боли – толку шлаканици немате видено досега

Видео | Ова и вас ќе ве боли – толку шлаканици немате видено досега

 

Удри, нека боли !

 

Шпанските серии предизвикаа вистинска револуција секаде каде што се прикажуваа, па така и во Македонија со години беа доста популарни  телевизиски содржини. Знаевме да гледаме убави лица на тв екраните и да слушаме странски јазик, за разлика од сега каде само турски серии и политички програми ги окупираа телевизиските канали.

 

 

И во тоа убаво време, во Македонија се емитуваше “Мојата слатка и дебела Валентина”. Негативката Олимпија “газеше” сѐ што ќе и се најде на патот, не бираше средства, удираше и убиваше. И токму таа негативка беше инспирација за некој да ги комплетира на едно место сите нејзини шлаканици кои ги мавна во серијата.

 

 

Богами, и нас нѐ заболе од толку шлаканици.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Топ тема“ се враќа на Телма со нова сезона 2019/2020

Од вторник (10 септември) на телевизија Телма започнува новата сезона од познатата политичко дебатна емисија …

error: Содржината е заштитена!