Почетна / Телевизија / Боки 13 одговори – дали ќе се врати со свое шоу од есен на 1 ТВ ?

Боки 13 одговори – дали ќе се врати со свое шоу од есен на 1 ТВ ?

Поголем акцент на сериската програма, утринската програма и атрактивните шоу емисии ќе стави 1 ТВ од есен на својата програмска шема. Од есен се враќаат и популарните емисии како што се онаа за модните критики на Сергеј, контактните, дебатни и информативни емисии, но овојпат во ново руво. Неизвесно е и враќањето на Бојан на малите екрани со своја емисија, која и има шанси да се оствари. Во однос на проектот “Инсајдер” кој не го виде светлото на денот, сопственикот на телевизијата ќе каже :

Не се откажа проектот, го одложивме поради големи притисоци. За некој да побара моја ликвидација е сериозна работа. Морам да признаам дека тука влеговме малку неподготвено. Имаме се уште многу теми кои не сме ги појавиле на екран, а поради импровизацијата на првата решивме да правиме пауза. Ако има простор ќе го продолжиме Македонски инсајдер, но од септември ќе имаме нови содржини, вели Јовановски.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!