Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Како настанале големите евергрини, зборува маестро Костов на ТВ 24

Како настанале големите евергрини, зборува маестро Костов на ТВ 24

Кире Костов, роден 1949 година во Битола, е познат композитор, инструменталист и диригент. Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот. Од областа на популарната музика има околу тристотини наслови како композитор – „Летај галебе“, „Кога те нема“, „Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“ и многу други, и уште толку како аранжер на други автори.

Бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади „Си – до“ кој се одржуваше во Битола од 1991 до 2000 година. Бил уметнички директор на Интерфест Битола за популарна музика. Добитник е на бројни награди и признанија.

Што интересно ќе открие маестро Костов за неговиот живот и творештво, гледаме во “Патот до успехот” на 16 март на 24ка:

https://www.facebook.com/patotdouspehot24tv/videos/613471122533032/?t=76

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Канал 5 со отворена хуманитарна програма за настраданите од пожарот

Утре (четврток, 27 март), Канал 5 ТВ организира телетон хуманитарна ТВ програма за донирање на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!