Почетна / Филм / Култниот трилер со Витни Хјустон и Кевин Костнер овој викенд на МТВ 1

Култниот трилер со Витни Хјустон и Кевин Костнер овој викенд на МТВ 1

петок (13.03.2020), 21.10 часот – “The bodyguard” (1992)

Oбожавателите сакаат да ја видат и да ја допрат, но еден сака да ја убие. Тогаш на сцена стапува Френк Фармер, експертот за безбедност. Фармер е професионалец кој никогаш не го спушта гардот, а Рејчел секогаш има контрола над својот гламурозен живот. И двајцата очекуваат да бидат главни, но она што не го очекуваат е да се вљубат еден во друг.

Кевин Костнер, Витни Хјустон, Гери Кемп, Бил Кобс, Томас Арана во легендарната драма “Телохранител”.

сабота (14.03.2020), 21.30 часот – “The house” (2017)

За да ѝ овозможат на својата ќерка да се запише на факултет, Скот и Кејт решаваат да отворат илегално казино во својот подрум.

Тие добиваат ваква налудничава идеја откако ги потрошиле парите за школување на нивната ќерка.Со помош на својот сосед и пријател, на кого исто така му требаат многу пари, Скот е убеден дека оваа идеја му е сламка на спасот.
Вил Фарел, Ејми Полер, Алисон Толмар, Џејсон Манѕукас во комедијата “Коцкарска куќа”.

недела (15.03.2020) – “Iqbal & the jewel of India” (2018)

Семејна комедија во неделното попладне на Прва.

Претседателот на Индија ѝ укажува особена чест на тетка му на Икбал, Фатва, да биде назначена за чувар на скапоцениот индиски камен. Во нејзина чест, целото семејство оди во Индија да присуствува на свечениот чин. За време на церемонијата, семејството доживува кошмар кога некој го краде скапоцениот камен.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!