Почетна / Живот / Излезе е-збирка поезија „Дланковод“ на „Контекст – Струмица“

Излезе е-збирка поезија „Дланковод“ на „Контекст – Струмица“

Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“, со членовите на  Scuola di poesia | School of poetry | Школа за поезија – делегација Македонија (работна група што е дел од Светската унија на поети – WUP), го пуштија во дигиталниот свет седмото по ред електронско издание, односно зборникот поезија „Дланковод“.

Во збирката, поделени во два дела,  застапени се повеќе од 50 автори со една или повеќе песни, на вкупно 117 страници, а добронамерниците, односно љубителите на поезијата и убавата мисла ќе можат да уживаат во едно поразлично патување и визуелно доживување. Симболиката, метафората и значењето кое го носи оваа нова кованица, која е наслов на оваа електронска стихозбирка „Дланковод“, ги отсликува стиховите кои се застапени во неа, одржувањето на креативната моторика на членовите на групата, взаемната инспирација и градењето на мостови помеѓу различните поетики на самите автори.

„Темата „Рака“, дава плејада на можности, бескраен спектар на перцепирање, давање помош, поддршка, разбирање, глас, еднаквост, сплотеност. Раката е полна со метафори. Таа има столб, носечка функција гледано од многу аспекти. Имаше премногу начини на кои авторите можеа да си ја поврзат во нивните стихови, дотаму што асоцира на копнеж, допир, помирување, но истовремено и на многу непријатни емоции, како моментот со давење во една од застапените песни, убиство, проневера, религиски сегменти, раката на Бог, неговиот допир, раката на светецот Фанурие. Борбена и духовна истовремено, но секако во историјата на уметноста и книжевноста има многу примери. Рацете од една страна градат куќа, дом, од друга ги рушат постојните.  Географијата на рацете ни ги открива тајните за животот. Доволно е да веруваме во тоа. Нивната топлина говори за тоа какви луѓе сме, нивната сила е одраз на нашиот карактер, а во политиката е важно да имаш чисти раце. Семантички гледано се отвора една долга низа на која може да се нанижат безброј примери како и кога раката или рацете се употребуваат, дали во директна или изведена форма. Тие се амблем, атрибут, некогаш клучни за доловување на одредена алегорија, а некогаш аналогно искористени за да ја прецизираат параболата на нештата за кои авторите пеат.“

Линк за преглед на книгата: https://bit.ly/2CQCcsP

Со овој чекор само се променуваме формата како поезијата да стигне поблиску до читателот, но со тоа всушност се прави нов резерват во кој ќе се заштитиме овој редок и слободен вид на изразување, а со тоа се помага и во успешното зачувување и пренесување на едно вакво дигитално наследство на идните генерации.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски во Музејот на Град Скопје

Уметникот Бојан Ковски ќе ja отвори својата најнова изложба “Симбиоза” во Музејот на Град Скопје …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!