Почетна / Забава / Видео | По четири години, Дорис Драговиќ со нов видео спот

Видео | По четири години, Дорис Драговиќ со нов видео спот

Сплитската дива Дорис Драговиќ со видео запис за приморската летна балада “Брод за на подобро”. Текстот и музиката се дело на Иван Хуљиќ, аранжманот на Лео Шкаро, а спотот е снимен од страна на Пилос студио.

И песната и спотот ги снимивме во еден здив. Дорис е како покојниот Оливер Драгојевиќ – знае што сака, сака брзо и прецизно да се сработи работата, има визија како тоа треба да изгледа, а затоа сме ние тука за тоа сето да го реализираме, објаснува режисерот на спотот.

Инаку, хрватската пејачка, најпозната по хитовите “Ја ночас умирем” и “Жељо моја”, наголемо се подготува за спектаклот на годината – нејзиниот концерт во загребачка Арена на 30 ноември оваа година.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ацо Пејовиќ на 11 јули со концерт во Аква Парк Пробиштип

Еден од најпопуларните регионални изведувачи, Ацо Пејовиќ, на 11 јули ќе одржи концерт во Аква …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!