Почетна / МК Сцена / Иван почна да води здрав живот!

Иван почна да води здрав живот!

 

Поради брзото темпо на живеење честопати умееме да конзумираме брза храна, а притоа да го избегнуваме спортувањето. Иван одлучи да ја промени оваа практика и отсега да води здрав живот.

 

 

На својот Фејсбук профил Иван ни откри дека веќе 4 месеци не пуши цигари, а и 10 дена не конзумира алкохол. Блиски извори до пејачот велат дека Иван одлучил целосно да се промени, па сега се почесто луѓето можеле да го видат како активно вежба во теретана.

 

 

На што се должи ваквата промена сеуште не дознавме, но очигледно пролетните денови влијаеле за пејачот повторно да го стави во колосек своето тело. Во меѓувреме Иван со цел да може полесно да комуницира со своите пријатели и фанови, отвори втор профил.

 

 

Неодамна направивме интервју во кое Иван ни откри за неговиот љубовен живот, за раскинувањето со Билјана како и за новостите во неговата музичка кариера. Огромен интерес предизвика пародијата „Адам и Ева“ во која за прв пат го видовме Иван во голо издание, истакнувајќи го својот адут. Доколку сакате во целост да го прочитате интервјуто, кликнете тука.

 

 

 

Автор | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Година по година“, нова емотивна песна на Лазар и Елена Наумови

„Зошто молчиш ќерко, солзи сокриваш каде пат ќе тргаш, збор не кажуваш…“ …се првите стихови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!