Почетна / Телевизија / ТВ Лица / Иван Мирчевски, директорот на Канал 5 доби „Награда за мир“

Иван Мирчевски, директорот на Канал 5 доби „Награда за мир“

Федерацијата на меѓународни родови и човекови права, основана од амбасадорката на Крaлскиот дипломатски клуб на Обединетите нации, д-р Амена Али, му ја додели годишната „награда за мир“ на директорот на Канал 5 телевизија, Иван Мирчевски.

Мирчевски е победник за 2022 година во категоријата – „ Награда за пријателство и добра волја“, за номинацијата „Гласноговорник и глобалист на големиот меѓународен хуманитаризам и служба“.

Федерацијата на меѓународни родови и човекови права, е активна ширум светот со голем број програми за помош на луѓето, без разлика на полот, расата и идентитететот.

Мирчевски, заблагодарувајќи се за наградата, преку социјалните мрежи порача дека ќе продолжи да биде гласот на тие што немаат доволна видливост.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мишко си заминува од ТВ 24 : Почнаа да дуваат чудни ветришта

Мишко Иванов, долгогодишен новинар во ТВ24 и автор на “Патот до успехот” ја информираше јавноста …

error: Содржината е заштитена!