Почетна / МК Сцена / Каролина и Авалон со емотивна посвета по смртта на Масимо Савиќ

Каролина и Авалон со емотивна посвета по смртта на Масимо Савиќ

Авалон продукција, силно погодена од смртта на големиот Масимо Савиќ. Со соопштение за јавноста се огласи сопственикот на продукцијата :

Мојот пријател Масимо не може да умре.
Тој само замина да шири добрина и да пее моќно и од срце… како само тој може, на некое друго место.
Овде даде и премногу од себе… засекогаш
Бобан Милошески

И мега ексклузивката на Авалон, Каролина му оддаде голема чест на Савиќ. Вчеравечер пред самиот почеток на концертот, пред да излезат на сцената биле затечени од веста за смртта на Масимо Савиќ, кој во февруари требаше да одржи концерт на истата сцена во Филхармонија.

Каролина не криеше дека ја погодила веста за смртта на нејзиниот пријател и пријателот на „Авалон“, па на големиот Масимо му ја посвети емотивната песна „На овој ден“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џез концерт на Салто од Прилеп џез викенд 2015 на Наша ТВ

Во среда (30.11) во 22:00 премиерно на Наша тв ќе се емитува концерт на Салто …

error: Содржината е заштитена!