Почетна / Филм / Филмска саботна вечер со два акциони трилери на МТВ 1

Филмска саботна вечер со два акциони трилери на МТВ 1

Вечерва, 20 октомври, во 21.45 часот на МТВ 1 ќе биде емитуван акциониот трилер на Стивен Рејнолдс – “Interroation” (Истрага). Испитувачот на ФБИ (Адам Коупленд) и специјалистот по информатичка технологија( Ц.Џ. Пери) имат многу важна задача и осмислуваат извонреден криминален план за да ја откријат вистинската цел на злосторникот.

Откако ФБИ добива закана со која е загрозен целиот град, тие двајца започнуваат серија на умствени игри со брилијантниот криминалец, очајно тркајќи се со времето за да стигнат до целта, а воедно да заштитат илјадници животи. Коупленд и Пери се ненадминливи во овој возбудлив трилер доведувајќи нѐ до работ на неизвесност.

Веднаш потоа, во 23.30 часот ќе биде емитувана уште една акција. “Одмаздата на зелените змејови” е американско хонг конгшки филм во режија на Ваи-Кеунг Лау и Ендрју Лу.

Сони и Стивен се браќа- емигранти во Њујорк, во 80-тите години. Тие ѝ се придружуваат на бандата „ Зелени змејови“ и во Кинескиот кварт брзо напредуваат во хиерархијата. На тој начин го привлекуваат вниманието и на најтврдокорните градски полицајци. Кога Сони станува жртва на фатална љубов, која ќе го „ сврти“ и против својот брат, тој сака да им се одмазди и на останатите членови на бандата, кои го направиле таков каков што е.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мисија Лондон“ овој вторник во балканското кино на Телма

Балканско кино на Телма, секој вторник во 19.10 часот. Понеделник, среда и петок во тој …