Почетна / Телевизија / И ССНМ со осуда на одлуката на Телма за цензура

И ССНМ со осуда на одлуката на Телма за цензура

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници побара од одговорниот уредник Атанас Кировски да ја повлече наредбата за забрана на изразување мислења и ставови на социјалните мрежи на новинарите вработени во редакцијата објавена на огласната табла на медиумот, пишува порталот Макфакс, а ние објавуваме во целост :

„ССНМ смета дека содржината и тонот на наредбата се особено навредливи и понижувачки, не само за новинарите во ТВ ‘Телма’, туку и за имиџот на самата куќа и нејзиното раководство. Однесувањето на новинарите на социјалните мрежи не може и не смее да се ограничува, исто како што не може и не смее да има разлика меѓу нивниот професионален и приватен систем на вредности“, наведе новинарскиот синдикат.

Оттаму велат дека не се работи за прашање на наредби и санкции, туку прашање на фундаменталниот интегритет на новинарот и прашање на внатрешен дијалог и доверба во редакцијата, која, пак, својот интегритет го црпи токму од новинарите и нејзините уредници.

„Со неразбирањето на ова и истакнувањето на еднонасочно срочена забрана со најава за санкции, менаџментот на ТВ ‘Телма’ покажува елементарно непочитување на прашањето за општествена одговорност, не само на новинарите туку и на медиумите, и не може поинаку да се толкува освен како израз на своеволие што оди во насока на попречување на слободата на мислење и говор, темелни права на човекот, на што ССНМ никогаш нема да се согласи“, додава синдикатот.

ССНМ порача до „Телма“ да ја повлече одлуката веднаш и да формулира правилник на однесување на социјалните медиуми, што е востановена пракса во медиумите во светот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алфа со нов забавен магазин „Зебра“ секој ден во 17 часот

Од понеделник до петок, нов попладневен урбан магазин на Алфа телевизија. “Зебра” најавува дека во …