Почетна / Серии / Теленовели / Вечерва на Сител започнува новата сезона на „Карасевда“

Вечерва на Сител започнува новата сезона на „Карасевда“

Велат дека човек учи додека е жив. Кемал почна да учи додека ги броеше своите порази. Во него живее љубов за која може и да се умре. Тој веќе умре еднаш кога се раздели од саканата, но… не можеа да ја убијат таа љубов од прв пат. Тој е човек кој ја крие својата искреност како медала, гордо на своите гради и носејќи го товарот на таа искреност, уште погордо на своите плеќи. Од денеска, сѐ ќе излезе на виделина. Ќе го избрише своето минато и ќе го напише повторно, од почеток.

А таа, Нихан, љубеше за да живее. Љуби за да би била заедно со него. Нејзиното срце даваше само крик на една несреќна љубов. Нова животна бајка ќе се роди од пламенот на пожарот, кој гори во неа. Но, не се откажа. Во неа повторно ќе живее таа љубов, таа црна љубов.

Од денеска, само на Сител не пропуштајте ја новата сезона од приказната која ги помести границите на бесконечната љубов. Нихан и Кемал, заедно во новата сезона од мегахитот “Карасевда”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Како изгледа „Ла Усурпадора“ од денешен аспект

Вака изгледаше всушност “Злобница” – погледнете и насмејте се Сигурно многумина се сеќаваат на мексиканските …