Почетна / Филм / Иранска драма и кинеска акција во првиот августовски викенд на Телма

Иранска драма и кинеска акција во првиот августовски викенд на Телма

саботa, 6 август 2022, 19.15 часот – “Човек со интегритет”

Некои луѓе се непоткупливи а Реза е еден од нив. Еден човек живее во мало село во Иран, каде одгледува златни рипки. Тој се соочува со пропаст, кога му го запираат доводот на вода од реката…

Упорно се спротиставува на притисоците, но ќе успее ли да го победи корумпираното иранско општество а да не падне во искушение му се придружи? Ова е приказна за огромната човечка храброст и пркос. Главните улоги ги играат: Реза Аклагирад, Судабех Бејзаи и Насим Адаби. На Канскиот фестивал, Расулоф бил награден во категоријата „Извесен поглед“, а покрај тоа, филмот освоил уште неколку награди на филмските фестивали.

недела, 7 август 2022, 22.15 часот – “Нарко војна”
Полицијата имаше среќен ден, неочекувано е фатена голема ѕверка. Кога треба да избере помеѓу живот и смрт, нарко дилерот е подготвен да ги предаде сите, во замена за сопствениот живот.

Може ли навистина да му се верува до крај, дознаваме на Телма во кинескиот акционен филм од 2012-та година.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пирс Броснан и Гај Пирс во трилерот „Spinning man” во сабота на Телма

сабота, 13 април 2024 година, Телма ТВ, 22.15 часот – Филозофија на убивањето Еван Бирч …

error: Содржината е заштитена!