Почетна / Телевизија / ИНРЕКОМ: Дали владините измени се основа за преговори со операторите?

ИНРЕКОМ: Дали владините измени се основа за преговори со операторите?

Институтот за развој на електронски комуникации – ИНРЕКОМ го поздравува решението на Уставниот суд, донесено на седница одржана на 27 Мај, а објавено во Службен весник на 22 јуни, со кое се поведува постапка за оценување, но и се запира извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на оспорената Уредба со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во вонредна состојба, бидејќи нејзиното извршување би можело да иницира тешко отстранливи последици. Истото е објавено во Службен весник број 196 на 22 јуни.

Институтот за развој на електронски комуникации гледа добра појдовна отстапка во одлуката на техничката Влада, која на својата 72 седница (последна во време на вонредна состојба) донесе решение за времено одлагање на одлуките кои создадоа проблем околу реемитувањето на странските телевизиски канали. На база на овие одлуки во последно време, ИНРЕКОМ го дава и следниов коментар :

– “Со одлуката, Владата всушност донела измени на уредба со која се врши за корекција на рокот и наместо од првично пропишаните 90, се изменува на 150 дена рок за пререгистрација на странските канали, односно до ноември операторите да ги соберат сите неопходни документи за ТВ каналите и да ги регистрираат во АВМУ согласно новите прописи.

ИНРЕКОМ гледа со резерва во однос на правната сила на овој акт, бидејќи претставува измени на уредба што Уставниот суд веќе ја замрзнал поради поведување постапка за оценка на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во вонредна состојба.

ИНРЕКОМ уште еднаш го потенцира фактот дека наметнувањето на одредени обврски, кои ги нема во пракса никаде во Европа, е противуставно и очекува Уставниот суд да ги поништи и останатите спорни одредби, откако за истите се произнесе како надлежен и донел решение за замрзнување.

Од друга страна, ИНРЕКОМ го осудува директното мешање на техничката Влада преку носење уредба, со која се наметнува обврска на операторите за задолжително реемитување на програмските сервиси кои се веќе пријавени кај надлежниот регулатор, нешто што го сметаме за класичен упад во уредувањето на програмските понуди на самите оператори. Попластично, низ пример, тоа е исто како Владата да одлучува како ќе бидат уредени програмските шеми на самите канали, односно каква програма ќе емитуваат или какви информативни изданија ќе произведуваат.”

За да ја прочитате комплетната анализа и став на Институтот, посетете ја официјалната страна :

КОМЕНТАР: Владини измени на Уредбата за медиумски услуги – основа за преговори со операторите?

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ: Прекршочни за телевизиите ако емитуваат ППР со малолетници

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со мониторингот на изборното медиумско претставување од кампањата …

error: Содржината е заштитена!