Почетна / Серии / Алфа започна со емитување на „Шеширот на професорот“

Алфа започна со емитување на „Шеширот на професорот“

Од оваа сабота (6 април) во 20 часот, телевизија Алфа започна изненадно со емитување на српската серија “Шеширот на професорот Коста Вујиќ”. Во режија на Здравко Шотра, серијата е адаптација на истоимениот роман на Милован Витезовиќ, а со Александар Берчек во главната улога.

Коста Вујиќ е главниот лик на серијата, ексцентричен професор по германски јазик во Првата Белградска гимназија. Дејството се случува кон крајот на 19 век и ги прати случувањата на класот кој е во последната матурантска училишна година, но и последна година пред пензија за самиот Вујиќ како нивен класен раководител. Од него има што да се научи, па така самите матуранти еден ден стануваат навистина познати личности.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови авантури на епскиот јунак „Полдарк“ – сабота и недела навечер

Ова лето проследете ги последните сезони од историската романса која за миг ќе нѐ однесе …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!