Почетна / Серии / Нова тин серија „Да се биде Ив“ на МТМ и локалните телевизии

Нова тин серија „Да се биде Ив“ на МТМ и локалните телевизии

 

“Да се биде Ив”, нова тинејџерска програма на локалните

 

Секој понеделник, вторник и среда во 20.30 часот на Прва скопска МТМ телевизија ќе биде емитувана тинејџерската серија “Being Eve”. Се работи за серија, снимена во Нов Зеланд во 2001 година од продукцијата South Pacific Pictures, во 26 получасовни продолженија.

 

 

Серијата се фокусира на згодите и незгодите на тинејџерката Ив и нејзините секојдневни проблеми. Нејзините родители се разведени, но живеат куќа до куќа. Во почетокот на серијата, Ив е во врска со Адам, но подоцна раскинува со него и започнува романса со Сем, момчето со кого го имала првиот бакнеж како дете.

 

 

ТВ серијата ќе се емитува и на останатите локални телевизии низ земјава како ТВМ (Охрид, Струга), Кис (Тетово, Гостивар), Ирис (Штип), Визија (Прилеп, Битола), ГТВ (Гевгелија) итн.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!