Почетна / Серии / Теленовели / Ве потсетуваме како започна тажната приказна за „Карасевда“

Ве потсетуваме како започна тажната приказна за „Карасевда“

Нова сезона од хит серијата секоја вечер на Сител

Кемал е едно од трите деца на сиромашната фамилија која живее во еден кварт во Истанбул, наменет за луѓето од средната класа. Вреден, трудољубив и одличен студент, Кемал работи на брод секоја вечер после студиите за рударство каде што има највисок просек во својата генерација. Еден ден, враќајки се од студии, во автобус, сосема случајно ја среќава преубавата Нихан, која комплетно ќе го промени неговиот празен и монотон живот. Тој не веруваше во чуда, особено не во љубов, но таа средба заекогаш ги промени неговите соништа.

За разлика од Кемал, Нихан припаѓа на богата фамилија, а нејзинииот живот од дете е исполнет со луксуз и гламур. Класната разлика ќе ја направи љубовта меѓу двајцата протагонисти невозможна уште од самиот старт. Поради уцена и долг на семејството, Нихан ќе мора да се омажи за Емир, опасен и богат човек кој е лудо вљубен во неа, а пак Кемал ќе реши поради тоа да го напушти Истанбул и да замине на север во Зонгулдак, мал провинциски град каде што добива работа како архитект во рудник. Денот кога Кемал ќе го напушти родниот дом, ќе биде пресврт во животите на двајата млади, а нивната љубов ќе застане на самиот гребен од морето наречено копнеж.

Кемал е решен да ја заборави жената која ја љуби и максимално се посветува на својата работа со цел да ја извлече својата фамилија од бедата во која живее. Во меѓувреме, Нихан започнува нов живот со младиот и згоден мултимилионер Емир Козџуоглу, кој ќе внесе немир и страв во нејзиното семејство.
Минуваат пет години, но силната љубов меѓу Нихан и Кемал останува незаборавена во нивните срца. Кемал добива големо унапредување и решава да се врати назад во Истанбул, несвесен дека во големиот град на Босфорот ќе мора да се соочи со Нихан и нејзиниот посесивен сопруг Емир. Нихан и Кемал сфаќаат дека животот не може да оди против судбината, ниту против силната љубов која ја чувствуваат еден за друг.

Бескрајна љубов пред која небото заплака и морето се повлече. Љубов на која сите се радуваа, но само едно нешто ги отвори портите на пеколот. Топла и тажна приказна за една црна љубов, приказна за карасевда, незапирлива болка по големата љубов.

Од вторник не пропуштајте ја новата сезона од турската љубовна сага “Карасевда” само на Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Како изгледа „Ла Усурпадора“ од денешен аспект

Вака изгледаше всушност “Злобница” – погледнете и насмејте се Сигурно многумина се сеќаваат на мексиканските …