Почетна / Забава / Евровизија / И Македонија дел од алтернативното шоу Eurovision: Europe shine a light

И Македонија дел од алтернативното шоу Eurovision: Europe shine a light

По конечното откажување на 65-тото издание на Изборот на песна за Евровизија, Европската радиодифузна унија се заложи за организирање и продуцирање ново алтернативно шоу со наслов, Eurovision: Europe Shine a Light, кое ќе се емитува во живо, на 16-ти мај со почеток во 21 часот, што беше и претходно потврдениот термин за одржување на евровизиското финале.

Специјалното телевизиско шоу нема да има натпреварувачки карактер, но ќе им оддаде значајно признание на сите песни и учесници од 41. земја, колку што требаше да учествуваат на годинашната Евровизија. Веќе селектираните песни ќе бидат емитувани само во фрагменти, учесниците ќе бидат претставени низ најразлични снимени видео пораки и материјали, но ќе ги видиме и слушнеме и обедините од различни локации низ Европа низ стиховите на познатиот евровизиски хит на Katrina And The Vawes: „Love shine a light“, победничка песна на Евровизија во 1997-мата година.

Шоуто ќе приреди и многу изненадувања за евровизиските фанови, коишто може да се вклучат во формирањето на големиот евровизиски хор кој од сите страни на светот ќе ја изведе песната на Џони Логан, „What another year“!

Со оваа песна Џони Логан победи на Евровизија 1980-тата година, која тогаш се одржа во Хаг, Холандија. Конечниот датум за испраќање на видеата е 24-ти април, а фановите од Македонија коишто сакаат да се приклучат кон оваа иницијатива повеќе детали за овој повик може да прочитаат на официјалната страница: eurovision.tv ( https://eurovision.tv/story/eurovision-sing-a-long-with-johnny-logans-wh… ).

Водители на шоуто ќе бидат презентерите Шантал Јансен, Едсилиа Ромблеј и Јан Смит, коишто требаше да бидат домаќини на Евровизија 2020.

Шоуто ќе трае 2 часа, а ќе биде пренесувано од 46 национални сервиси, меѓу кои и Македонската Радио Телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каролина и Елена : Ти си нашиот победник, Тамара, те сакаме!

Не стивнуваат реакциите на македонската политичка и естрадна сцена по вчерашниот маестрален настап на Тамара …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!