Почетна / Сапуници / По Канал 5, и кабловската TDC ќе ја прикаже турската „Пари и љубов“

По Канал 5, и кабловската TDC ќе ја прикаже турската „Пари и љубов“

“Пари и љубов” е позната турска серија, номинирана за ЕМИ за најдобра теленовела. Снимена е во 2014 и 2015 година, a на програмата на кабловскиот канал TDC (А1 оператор) ќе се емитува од 27 април во 17.50 часот, со македонски титл.

Во главните улоги настапуваат Туба Бујукустун (Аси, Дамата со марама, Под сенката на врбите) и Енгин Акјурек (Фатмаѓул, И небото плаче). Добитничка е на многу награди на фестивали за најдобра серија во Турција, најдобар актер, актерка и музика, а главниот актер ја доби и престижната награда за најдобар актер на Интернационалните награди за драма во Сеул.


Содржина :
Омер е полициски офицер, кој живее во сиромашен дом заедно со својата мајка, брат и снаата. Сѐ се чини спокојно и ветувачки за иднината на Омер, сѐ до моментот кога ќе добие еден повик на работа – да ја истражи смртта на две убиени лица – пронајдени заедно во кола со истрели во главата. Шокирачко за него е што една од убиените жртви во колата е неговата девојка Сибел. Сѐ се чини нејасно за Омер, затоа што девојката е пронајдена мртва заедно со богатиот тајкун Ахмет Денизер.

Семејството Денизер е богато и моќно семејство кое живее во огромна и луксузна вила во Истанбул. Господинот Ахмет е оженет со доминантната Зерин, а тука се и нивните три ќерки. Вечерта кога е убиен милионерот, во нивната куќа се прославува роденден на убавата Елиф, ќерката на Ахмет, која работи во Рим како дизајнерка на накит, а е дојдена во Истанбул по повод роденденот кој сака да ги прослави во кругот на семејството.

Млад полицаец и ќерка на тајкун. Две убиени тела ги спојуваат судбините на Омер и Елиф. Среќа завршена во една ноќ и безброј неодговорени прашања. Убиството мора да се расчисти, убијците мора да се најдат, а тоа го посакуваат и семејството на Омер, и семејството на Елиф. Омер и Елиф започнуваат истрага за да разберат како нивните најблиски кои доаѓаат од сосема различни светови и припаѓаат на различни класи, се нашле заедно таа вечер и која е причината поради која се убиени.

Омер наоѓа еден дијамант во собата на неговата свршеница и уште еден дијамант во колата каде беа убиени, и тогаш започнува да го решава мозаикот на убиството – сѐ е поврзано со дијамантите. Истовремено, членовите на мафијата и се закануваат на Елиф дека ќе го убијат нејзиното семејство доколку не ги врати дијамантите, вредни милиони, кои ги украл нејзиниот татко.

Акција која го одзема здивот и ги разгорува страстите. Приказната за исчезнатите дијаманти ќе донесе серија на мистерии кои Елиф и Омер ќе мора да ги решат, а во таа возбудлива потрага по вистината, кај двајцата ќе почнат да се раѓаат чувства кои навестуваат голема романса и бескрајна љубов.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Италијанката го изневери Романтичарот со директорот на „Рома“

Турскиот актер, кој се стекна со светска слава преку својата улога во хит комедијата „Романтичарот“ …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!