Почетна / Серии / Акционата серија „Без граници“ продолжува со нови сезони на Телма

Акционата серија „Без граници“ продолжува со нови сезони на Телма

“Без граници”, снимена од продуцентски куќи од САД, Германија, Италија и Франција. Светската премиера, серијата ја имаше на Телевизискиот фестивал во Монте-Карло на 14 јуни 2013. Во САД се емитуваше на NBC, во Италија на Rai 2, а потоа продолжи и во Франција и Србија. Втората сезона беше продуцирана од француска продукција, но ниеден телевизиски канал во САД не беше заинтересиран да ја прикаже.

Во “Без граници” се зборува за тим на елитни истражители кои ги ловат најголемите криминалци низ Европа, а првата сезона своевремено беше емитувана и на Телма. Од среда (10 април) продолжува емитувањето на “Crossing lines” на Телма со новите возбудливи втора и трета сезона. Во продолжение ве потсетуваме на содржината :

Поради тоа што Европа станала опасно засолниште на многу криминалци и злосторници од целиот свет, се оформува специјална единица истражувачи кои проблемот ќе го решаваат на глобално ниво. Тие пет детективи на чело со капетанот Луис Даниел, мора да соработуваат заедно, да се привикнат на секакви ситуации и на солидарност. Тука се една француска криминалиситичка аналитичарка, специјален техничар од Германија, експерт за оружје и тактика од Северна Ирска, италијанска истражителка специјализирана за мафијашки организации и тука е Даниел, нивниот лидер.

Сместени се во една напуштена зграда под судот, а додека ги бараат и ловат криминалците, се соочуваат со низа бирократски, правни и културолошки препреки. Нивните мети се опасни луѓе од Велика Британија, Германија, Франција, Полска, Русија, Скандинавија и така натака. Заплетот започнува која њујоршкиот полицаец Карло Хикман му се јавува на Мишел Дорн, член на Меѓунардониот криминалиситички суд, да се проклучи во специјалната единица која се занимава со решавање на меѓународни злосторства.

Покрај Доналд Сатерлен кој го толкува ликот на Мишел и Фикнер кој го толкува Карло, тука се и други актерски имиња како Марк Лавуан, Том Влашиха, Габриела Песион, Ричард Флод и Мун Дејли.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

После Алфа, мафијашката акција „Гомора“ и на Алсат ова лето

Италијанската криминалистичка серија која е базирана на бестселерот на Роберто Савијано се смета за една …